Објавено на од во категоријата m-banking, TOPSI, Без категорија, Картички.

bankaccount-23-1461395973

Сметка во банка?! Што ќе ми е? Имам од моите картичка или ми даваат кеш и така ќе си терам стално…

 

Сметката е индивидуална работа и кога ќе почнат да доаѓаат скромните примања од првата плата, мора таа сметка да биде на твое име и да биде трансакциска, а не штедна од времето кога сите пари собрани од роденден ги чуваше за да си купиш Пони точак или можеби Xbox или како во мојот случај тениски рекет (од најскапите) и кој уште се убедувам дека ќе го искористам некогаш! 🙂

Кој работел/работи знае, дека пред секое вработување потребно е да се поминат неколку бирократски процеси, вклучувајќи го тука и отворањето на сметка во банка (согласно законот мора да биде тоа лично со цел успешна регистрација/идентификација на клиентот).
Но, како да знаеш да избереш која банка е најдобра за тебе кога реално не си користел ништо од нивните услуги порано? Во Македонија има вкупно 16 банки и секако, секој си одбира своја матична банка? Зошто? Затоа што е таков редот, народски кажано 🙂

Може да се консултираш со пријатели, со родители и со сезнајкото Google, па и да размислиш што ќе ти биде потребно сега, што за 1-2 години отсега а што понатаму. Звучи комплицирано, но не е.

Без лажна скромност, ќе ви набројам мои 10 ТОПСИ причини зошто треба да отвориш сметка токму во Стопанска банка:

  1. Има најголема мрежа на филијали на број 66 низ цела Македонија, можеби е некоја и во твоето маало.
  2. Контакт центарот (грижа за корисници) работи 24/7 за што и да ти притреба (освен бурек во 3 саат по полноќ) вработените ќе ти помогнат за било каква информација поврзана со банката и банкарското работење.
  3. I-bank store е специјализирана филијала за електронско банкарство и безготовински трансакции. Покрај пријатната атмосфера имаме x-box додека чекаш на ред J, кафе/чај, вертикална градина, музика…
  4. Најголема мрежа на банкомати, за оние кои преферираат кеш, банкоматите се достапни насекаде во државата
  5. Бесплатно мобилно и електронско банкарство! За оние кои не сакаат да чекаат на ред во филијалите и сакаат уплатите да ги вршат преку својот мобилен/компјутер.
  6. Платежни картички, за оние кои не сакаат да туткаат кеш и често купуваат онлајн, картичките на СБ се и бесконтактни но и 3D secure што значи опуштено купувајте во трговска мрежа и на интернет.
  7. На рати без камата – со кредитните картички од Стопанска банка можеш да купуваш на рати на над 1000 локации
  8. Доколку платата ја земаш преку Стопанска банка имаш поволности од типот на преференцијални каматни стапки за депозити/кредити со пакетот Плата +
  9. Општествено одговорна компанија која постојано инвестира во заедницата и секако затоа што е…
  10. ТОПСИ – Банка за млади!

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар