Објавено на од во категоријата e-banking, i-Bank, m-banking, phone banking, TOPSI, Без категорија, Едукација, Картички, мобилни апликации, Општествена одговорност, Патувања, Социјални медиуми, Стипендии.

i-bank

Gee time flies!

 

Поминаа 5 години откако ја отворивме првата концептуална банкарска филијала во Македонија.

Тогаш ве поздравувавме со: i-bank store „Добредојдовте во Банката од иднината“, а денес веќе ја живееме иднината 🙂

Ајде малку да се навратиме и да споменеме какви се измени претрпе дигиталната индустрија во последните 5 години.

  • Поголема светска Интернет пенетрација
  • Пенетрација на Instagram и mobile first
  • Мобилни телефони од S4 – S10; iphone4 – iphoneXs, претставен нов бренд Huawei
  • Електрични тротинети
  • Широкопојасен интернет 3G to 4G побрз пренос на податоци, во тест фаза е 5 G
  • Internet of things – Белата техника станува дел од интернетот (home appliances)
  • Експанзија на Block chain технологија
  • Smart Watches
  • Инклузивност на електричните автомобили во сообраќајот и реинвенција на моторот * Тесла автомобили
  • Прва кола во вселената Тесла Роадстер 🙂

Сѐ на сѐ одлични 5 иновативни години.

Се трудевме да ја следиме целата таа иновација и имплементација на технологија, секако согласно регулативите на пазарот на финансиски институции, ја отворивме оваа филијала првата во Македонија која промовира целосно cashless работење, специјализирана филијала за иновативните и модерни i-bank услуги (e-banking, m-bankig, phone banking, ATM), одлична атмосфера и Free Wifi проследена со топли напитоци.

I-bank store не претставува обична филијала, i-bank e олицетворение на иднината, i-bank е опшстествена одговорност, i-bank e self service, i-bank е Стопанска банка од иднината (барем така ние ја гледаме) 🙂  Се стремиме кон тоа да бидеме лидер во иноватиноста и во оваа дигитална ера да ги следиме чекорите кои големите технолошки џинови ги налагаат.

Вреди да ги споменеме и сите оние нешта кои не прават горди, кои не инспирираат и ни даваат ветер во крилја. Да не беше i-bank store немаше да ги имаме сите овие убави настани од кои многу научивме, се запознавме подобро, ги зацврстивме и тимскиот дух и поврзаноста со клиентите. Технологијата и услугите се менуваат, меѓутоа i-bank store подготвено ги пречекува и ги прилагодува сите овие промени.

Како благодарност за сите овие настани и за над ххх.ххх посетители, организираме 5години роденден на i-bank store со одлична after work забава.Одличен начин да го испратиме јануари!

 

Оваа среда (30.01) од 17 до 20 часот пред i-bank store ќе поставиме тенди, маси, греалки…ќе точиме пиво и варено вино а ќе уживаме во лудиот перформанс на Brass Brothers и нивниот DJ сет.

Остануваме со ширум отворени врати и објавуваме повик за сите оние кои имаат нешто ново, пргоресивно, интересно да споделат со јавноста а бараат простор, тоа да го направат во i-bank store.
Ако сѐ уште не сте го посетиле i-bank store не заборавајте на виртуелната тура како и на нашите профили на социјалните мрежи:

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар