Објавено на од во категоријата Општествена одговорност.

stopanska (4)

Еј видете имаме ТОПСИ автобуски и автобуси 🙂

stopanska (1) Picture1

 

Јухууу.

Да се разбереме, автобусите и автобуските и претходно си беа топ ама сега се ептен топ 😛

Сите нешто коментираат, лајкаат, дислајкаат за загадувањето ама ние мислевме дека време е да се посветиме малку повеќе на случајот. Па затоа се фативме за промоција на јавниот превоз.

Па видете што убави колоритни автобуси имаме, башка според фенг шуи за чист воздух местото ни е во автобус, a вие како прави ТОПСИ корисници ќе имате и повеќе време да пишете по некој статус/твит/коментар дур се возите 🙂

Не, сериозно, ќе ви набројам само 5 работи зашто јавниот превоз е секогаш добар избор

  1. Те возат до посакуваната дестинација. Зарем не се чувстувате веќе како елита? 🙂
  2. Не бараш и не плаќаш паркинг низ целиот град. Кога и да сум бил во ситуација да барам паркинг 45 минути кој го плаќам од саат, секој пат сум кажувал или ми кажувале „ЗЛАТЕН АВТОБУС“ 🙂
  3. Исплатливо ти е. Дополнуваш картичка за 10 возења или евентуално вадиш месечна и ти излегува мнооогу помалку од пола резервоар на твојот автомобил + амортизација + паркинг + пајак и казни. Со ваква заштеда побрзо ќе можеш да ја купиш новата FIFA.
  4. Си тераш мерак дур се возиш. Си твиташ и читаш што има ново, скролаш и гледаш сториња, праќаш стикерчиња или селфиња со непознатиот до тебе на симпатијата, слушаш музика или глумиш дека слушаш за да не ти зборува тетката до тебе, читаш книга или недај боже учебник (зошто ако овие 2 минути не повториш ништо нема на испит да направиш) или уживаш во неправење ништо (зен во возење со автобус). Е, ама ве молам без претерување. Не јадете во автобус (што и да е), не викајте на телефон и станувајте им на постарите.
  5. НЕ ЗАГАДУВА. Во автобусот има место за стотина луѓе кои во спротивно се превезуваат со индивидуални возила. Е сега замислете да тргнат 100тина луѓе одеднаш со автомобил до тоа место на линијата која се движи автобусот. Кај не е секој автомобил еко френдли, туку и гужва се прави и бучава и се губи време, па стрес… Затоа, доколку сакаме промени време е да тргнеме од себе и ние да бидеме тие промени (звучи познато)!

И секако #РЕТВИТНИВОЗДУХ 🙂 а за оние најхрабрите кои во овие зимско-есенско-ЕлсаИАна временски услови се #НаТочак немам зборови! Само #ВозиПравоВозиЗдраво и паркирај се кај сакаш – Стопанска банка постави 105 паркинзи и 5 станици за поправка на велосипеди во Скопје а дополнително паркинзите за велосипеди пред сите наши филијали веќе 1 година се во употреба.

Ете така, не испофалив за нашиот ангажиран маркетинг, ама па стварно се гордееме со него 🙂

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Trackbacks/Pingbacks

  1.  Рекламирање на Super Bowl 2018 | TOPSI

Напишете коментар