Објавено на од во категоријата мобилни апликации.

FamousApps

Здраво на сите, пред да почнам со советите, да се претставам, јас сум Марга од i-bank. Нов блогер во градот и би сакала да споделам со вас неколку интересни факти на оваа тема!

Застанете за момент и погледнете на home screen на вашиот паметен телефон. Колку од апликациите што ги гледате се во вашиот телефон подолго од еден месец, два, три, па дури и шест месеца? Евентуално една година?

Да, токму така, само многу мал дел од апликациите што ги сметаме за корисни, ги користиме и зафаќаат простор од нашата драгоцена мобилна меморија!

Според едно истражување, откриено е дека, во просек, дури 77 корисници се одјавуваат т.е ги деинсталираат апликациите во рок од три дена.

Научно е докажано дека секој корисник презема апликации, но во првите 3 до 7 дена решава која е корисна и ќе продолжи да ја користи, а која не.

Идеалниот начин да ги покажете придобивките од вашата апликација е преку паметна употреба на onboarding, каде што место да се посветувате на детали за користењето на апликацијата , би ги изложиле сите придобивки од вашата апликација.

Еве неколку совети за претставување на вашата апликација, кои може да ги испробате:

  1. Што е вашето “Зошто”?

Во делот наречен onboarding, каде што се обидувате да објасните и да ја доловите корисноста на вашата апликација, направете го тоа кратко, концизно и колку што е можно повизуелно. Бидејќи вие сакате да добиете oд корисниците едно „А-ха! Ајде да ја преземам и да ја пробам апликацијата, изгледа корисно!”.

  1. Бидете кратки

Никогаш не знаете што прави потенцијалниот корисник, можеби чека автобус, чека да почне филм на „Нетфликс“, да влезе на состанок итн. Без разлика на околностите, никој не би имал трпение за долг опис или долг процес на најава на апликацијата. Одете со процесот учи додека правиш.

Одличен пример – „Инстаграм“

2
  1. Направете корисниците да инвестираат во вашата апликација

Најлесен начин да се привлечат корисниците е да создадат профил додека ја разгледуваат вашата апликација. Тука постои ризик да ги загубите, но постигнувањето оптимум на sign-up процесот може да направи голема предност. Целта е да се соберат информации за корисниците што побрзо и што понезабележливо. На пример, откако ќе креирате профил преку „Снепчет“, веднаш се пушта вашата камера, со што веќе вие сте доволно мотивирани да направите селфи или да преземете кратко видео и да го споделите.

3
  1. Користете контекстуални совети (Show, don’t tell)

Мобилните игри се многу добар пример за прескокнување на делот за onboarding. Кога почнувате со играта имате водич што ве води низ секој чекор како што поминувате од еден на друг левел.

Duolingo е одличен пример.

4
  1. Создадете емоционална конекција

Секој го сака чувството кога знае дека работата е завршена или дека нешто е добро сработено.

Мотивацијата е активирана преку хормонот допамин кој можае да биде активиран со позитивен фидбек. Едноставно со позитивни и охрабрувачки пораки создаваат потсвесно стимулатиција за корисникот.

Пример Mailchimp

На крај можам да ви посакам среќа и да ви укажан на фактот дека секоја апликација е уникатна и се разликува од останатите, поради што заклучокот потекнува од самата апликација и од публиката за која е наменета, а не само од она што погоре го прочитавте.

Природно е и да ги следите советите  за кои дискутиравме погоре, првото искуство кое ќе го има корисникот да не е перфектно.

Маргарита

Маргарита

i-bank store

Комуникативна, весела оптимистички насторена. Обожава alternative solutions и приказни кои инспирираат 🙂
Маргарита

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар