Објавено на од во категоријата shopping, TOPSI, Штедење.

Тагови:

naslovna_stedenje

Еве ме и мене, тазе на нашиот ТОПСИ блог!
Ќе почнам со слатко/горка тема за која нема најдобро време кога да ја начнеме…па зошто да не биде од прва? 🙂

 

7 начини да заштедиш:

1.     Почни денес. Најсигурен начин да заштедиш доволно пари за да шеташ за Нова година е да почнеш да штедиш…вчера. Тука нема некоја филозофија!

2.     Определи буџет. Ако знаеш колку треба да заштедиш, ќе биде значително полесно. Да речеме: Аранжман за Нова година во Виена  чини околу 150 евра. Ако почнев да штедам на 1 септември, до 31 декември тоа се 4 месеци или 122 денa, што значи дека требаше да штедам по 37 и пол евра месечно или по 1,67 евро дневно. Тоа му доаѓа околу 100 денари дневно, што и не е толку страшно. (Е сега, дали почнав навреме, тоа е друга работа. Нема врска, ако почнам од денес, 66 дена по 150 денари и сè ќе биде 🙂

3.     Отвори штедна сметка. Како што би рекла Кери Бредшоу – I like my money right where I can see them – on my savings account. Добро де, не беше баш така, ама ако имам 150 денари в џеб денес, или ќе ми висат во плакар во форма на некое крпче, кое, реално, не ми ни требало или ќе се убедам дека баш сега ми се јаде палачинка со другарките или… Значи, ризикот дека ќе ги потрошам е голем. Добро, огромен е. Добро, и мене ми е срам… Затоа отворив штедна сметка и секој ден штом станам, додека проверувам „Инстаграм“ и „Фејсбук“ , со помош на е-банкарство си префрлам по 150 денари на штедната сметка. Така сум сигурна дека нема да паднам во искушение да ги потрошам на кафе во Скопје парите што требало да ги заштедам за кафе во Виена.

4.     Плаќај со картичка. Сум забележала дека кога плаќам во кеш не внимавам многу на тоа колку трошам. Затоа се трудам секаде каде што можам, да платам со картичка. На крајот на месецот си ги проверувам изводите и така точно знам на што трошам рационално, а каде треба да се поправам. На пример, сега знам дека треба да јадам помалку палачинки…А и не мора да одам многу по продавници, вака кога ќе си подразмислам.

5.     Чувај фискални сметки. Во ситуациите кога не можам да платам со картичка, се обидувам да ја зачувам фискалната сметка, за на крајот на месецот, да можам да си ги споредам со изводите.

6.     Купи си (или уште подобро направи си) касичка. Кога сум принудена да платам во кеш, секогаш добивам еден куп ситни пари за кусур. Е тие особено ги мразев, сѐ додека не сфатив колку ми помагаат да штедам. На „Пинтерест“ налетав на неколку идеи за DIY касички за ситни пари и си направив една од најобична тегла (искористив сезона на ајвар и на зимници). Сега. особено со новите железни 50 денарки… Виена, чекај ме, ДОАЃАМ!

7.     Купувај на попуст. Добро, за ова не морам да ви зборувам многу. Ама кликнете си тука сепак – hint, hint. You can thank me later 🙂

И еве уште гратис 5 начини да ја потрошиш заштедата…во случај да немаш идеја, де…

1.     A Song of Ice and Fire – сите шест Game of Thrones книги со испорака до дома, за ич да не мрднеш надвор на ладново

2.     Кинеска, бургери, вафли, торти, палачинки – за додека ги читаш книгиве

3.     Сребрени старки – за да бидеш кул на факс

4.     I-Pad Air 2 – Нормално дека сребрениот, да ти оди со патиките. Плус имаш и попуст со ТОПСИ картичката 😉

5.     За да се опуштиш по септемвриска сесија

Можев јас и 7 начини, па и 17 ако треба, ама за штедење беше постов…

Симона

Дирекција за трансакциско банкарство

Откривам мудри, инспиративни и напредни трендови, давам свое критично мислење и не се разубедувам лесно!

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар