Објавено на од во категоријата TOPSI, Без категорија, Социјални медиуми.

Тагови:

00-1502907664

Да, на денешен ден 17 април 2011 почна да се емитува уште една од многуте серии на HBO и во светот. И можеби се очекуваше да не биде нешто поразлична од другите, но во моментов GoT е толку актуелна што цел свет не спиеше за премиерата на последната сезона.

Инаку, колку за refresher колку одамна беше 2011та година: Instagram имаше едвај 6 месеци, Snapchat беше формиран таа година, Google+ излезе 2011та и згасна годинава, Microsoft го купи Skype, а Facebook го купи Instagram, i-phone 4 беше врвот од технологијата и постоеше само една серија i-pad па сега видете колку време помина откако се грижиме за тоа кој ќе седне на тронот и кога ќе дојде долгата зима…

  

Игра на тронови е серија за митско време, место, луѓе и суштества во сериозно технолошки назадно време (освен ОК имаат црна магија ама и таа ја знаат само мал број сомнителни ликови и ок имаат авио превозник но лимитиран на само 3 летала и тоа со капацитет 1 човек) а сепак растура по сите параметри во нашата ера на интензивен технолошки развој, кога секој ден роботите стануваат се поавтономни, цел свет синхронизирано комуницира (без црни гаврани и мастило на папирус), кога се патува (горе долу) слободно, нема робови (пак ќе речам горе-долу) и секој бира што сака да прави во своето слободно време. И сепак, пола свет се осоколи да гледа серија за превласт над седумте кралства 🙂 Статистичарите велат дека во светот на торентите со 78милиони пиратски симнувања убедливо води S07E01 од GoT 🙂 sweet!

 

Па затоа мислам дека баш технолошки напредната сегашност ги прави возможни ваквите глобални возбудувања. Имено, HBO најавува дека епизодата ја објавува во точно определен час и на цел свет му е достапна, односно цел свет учествува на премиерата. Сите во исто време пишуваат дека ќе гледаат, пишуваат спојлери (нешто што јас нема да се дрзнам да направам), постираат гифови, видеа, коментираат во живо и со тоа уште повеќе прават hype за серијата. Јас конкретно – грицкав нокти 😀

 

Добро, има и други оправданија и причини што GoT е глобален хит, ама ете мене, работејќи строго digital (од маркетинг до банкарство) ми е некако тоа најлогично објаснување.

 

Wired, како да знаеја што ќе се случува со серијата, во 2011та објавија причини поради кои ќе вреди да се гледа GoT дури и настрана од одличните книги врз кои е базирана. Од листата ќе ги издвојам: почнаа со fan engagement многу рано (за време на снимањето на првата сезона), HBO влегоа со сериозен буџет во проектот (отприлика по 10мил за епизода) и изградија неверојатни ликови секако многу поврзани и со одличниот кастинг. Со душа чекам да видам HBO_Go да се пофалат со зголемен број на претплатници периодов зошто сигурно тоа е нечиј KPI за годинава 😀 (KPI за жителите на Westeros би му дошло отприлика на ниво на “win or die” филозофијата).

 

HBO, потоа Netflix, Amazon, Apple TV, Disney TV…го сменија начинот на кој гледаме видео содржини (секој си бира сам за себе – со онлајн претплата која лесно се активира или деактивира, за 2мин со платежна картичка), начинот на кој се социјализираме: премиера се гледа дома строго со одбрано GoT друштво, пица или скара се нарачува online од сервиси како kliknijadi или со TOPSI Pay му нарачуваш на тој што последен доаѓа да докупи пиво, чипс и дипс; начинот на кој комуницираме (со мемиња, со препознатливи фрази, со тролање…).

 

И уште нешто ме фасцинира. Посебно GoT растураат на сите можни социјални мрежи за промоција на содржината и одржување на hype и покрај тоа што имаа 2 години помеѓу 7ма и 8ма сезона. На пример направија луд глобален предизвик да го најдеш тронот објавен само со една фотографија било каде во светот, прават колекција на create for the throne (секаков вид на креативни изработки поврзани со серијата), хуманитарни акции како што беше bleed for the throne која беше хит на овогодинешното SXSW издание, и секако си тераат прописен PR, одат по сите можни ComicCon освен што не беа во 2018та на главниот 🙂 и вклучуваат фанови во скоро сите сегменти. И сепак успеваат при толкава машинерија да ја одржат неизвесноста, односно да не излезе spoiler од финалето. Сигурно и тоа е дел од PR стратегијата затоа што фановите последниве 2 години само тоа зборуваат и прогнозираат и до таму забега работата што се кладат кој ќе заврши на тронот на крајот на сезоната од овие лепотани подолу:

 

Да не се лажеме, не е GoT уникатна, фама се прави и околу филмовите на DC и Marvel иако тоа е друго чувство, поради кино искуството и фрекфентноста на филмовите. Јас како прав nerd, си ги следам сите (и читам и гледам), си имам свои хипотези, свои фаворити и веќе изгледав прва епизода GoT а и картите за End Game претпремиера ми се купени.

 

Собрав неколку линкчиња со различни GoT глупости со кои се хранам помеѓу епизоди и еве ќе ги споделам. А штом заврши серијата може да организираме еден GoT настан во i-bank store да ја испочитуваме серијата, како што своевремено го испочитувавме Star Wars. Што викате? На пример, гледање на последната епизода во i-bank store? Ќе обезбедиме грицки и пијачки и HBO а вие обезбедете си друштво 🙂

Westeros

A blog of thrones

Wiki of thrones

Nicholas Cage as every GoT character – забегано :))

Рангирање на 70те најбитни ликови од најдобар до Серсеи :))

 

Се читаме наскоро, не можам повеќе да пишувам нокт не ми остана на рацеве од suspense! 🙂

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар