Објавено на од во категоријата Општествена одговорност.

Тагови:

VPVZ3_Maj2017

Здраво на сите!

Како што веројатно веќе знаете, на 20.05.2017, оваа сабота од 11часот, повторно ќе се дружиме на „Вози право, вози здраво 3“. За оние што до сега не биле со нас ниту еднаш, „Вози право, вози здраво“ е настан кој Стопанска банка го организира по трет пат, а на кој возиме било какво алтернативно превозно средство за почист и поздрав град и донација на урбана опрема.

Досега возевме два пати, еднаш за гоооолем детски велодром, а вториот пат за урбана опрема за зелени превозни средства – станици за поправка на велосипеди и паркинзи за велосипеди. И оваа сабота возиме за убава цел, а доколку имаш идеја каква да биде урбаната опрема која ќе ја донираме по #ВозиПравоВозиЗдраво3, можеш да пишеш во порака на Facebook.

Јас учествував во организацијата на двата претходни настани под мотото „Вози право, вози здраво“, па мислам дека денес е прав момент да се потсетиме како си поминавме лани и да ве викнам повторно да се дружиме во сабота.

Се што треба за да бидеш дел од „Вози право, вози здраво 3“ во сабота е:

  1. Да си поборник за почист воздух и зелени начини за транспорт – На „Вози право, вози здраво“ нема место за автомобили, прифаќаме „само“ велосипеди, трицикли, тротинети, ролерки, скироли, тротинети, колички за бебиња… Со еден збор, се што не загадува 🙂
  2. Да одбереш во која ревијална трка ќе учествуваш – Ние не дискриминираме, дојди со било кое зелено превозно средство, сите ќе се возиме заедно во сабота.
  3. Да се регистрираш за ревијалната трка која ја одбра – Кликни тука за да се регистрираш најдоцна до 19.5.2017, пополни ја формата за регистрација и очекувај го твоето бројче за ревијалната трка во сабота – ќе ти го испратиме по мејл, а и на СМС порака на твојот телефонски број. Или ако не стигнеш online, дојди регистрирај се пред стартот на трката.
  4. Да дојдеш во сабота во 11 часот кај Порта „Македонија“ – подигни си го твоето редно бројче, залепи го на маичка и подготвени сме за старт 🙂
  5. Да ја извозиш рутата до Градски парк – возиме мирно и полека, трката е ревијална и не е важно кој стасал прв. Важно е само сите да стасаме до големиот тревник во Градскиот парк, позади споменикот Гоце Делчев каде продолжува забавата.
Mapa_VPVZ2017
  1. Да се дружиш со нас на забавата во сабота и да очекуваш да те извлечеме за некоја од наградите: велосипеди, тротинети, скироли, спортска опрема, hoverboard-и, GoPro, викенди, обуки итн. Во меѓувреме нешто да се напиеш, да каснеш, да формираш тим за игрите и едноставно да си уживаш со друштвото.

Да не заборавам, најважно е секој од нас да се погрижи за својата и безбедноста на сите учесници. Затоа, да се потсетиме и на основните правила за #НаТочак:

Дечки и девојки, баби и дедовци, мајки и татковци и бебиња, стискајте палчиња да не ни врне и се гледаме во сабота на старт! 🙂

Симона

Дирекција за трансакциско банкарство

Откривам мудри, инспиративни и напредни трендови, давам свое критично мислење и не се разубедувам лесно!

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар