Објавено на од во категоријата TOPSI, Едукација, Општествена одговорност, Патувања, Штедење.

18557496_1331159530255289_5288166755490090954_n

Прво и основно да се знае: Точакот е закон! Устав! Море треба да е човеково право! 🙂

И ете од најавата кажувам дека сум точкаџија!

Нема поубав начин да стигнеш до саканата дестинација, да се размрдаш, да уживаш и притоа да си ги штедиш штиклите 😛 А aко си во друштво имаш и плус муабетче.

Посебно уживање ми е оној дел од возењето, кога околу мене има зеленило, пирка ветре и скекао има добра вело-патека. Ех само кога би било такво цело Скопје! Би биле Амстердам на Балканот!

Друга работа, точакот е must have! Нема зошто ние, TOPSI деца, да не возиме точак секој ден! Млади сме, здрави сме, убаво е времето (тоа треба да не мотивира дополнително), убави и ние и плус како што нагло стопли ќе ни помогне во одржувањето на линијата.

Јас сум пресреќна што откако дојдов да работам во Стопанска банка, условите за нас вработените а и фокусот на Банката се насочи кон подигнување на свеста и подобрување на условите за користење на велосипедот како превозно средство.

Ако ви треба потсетување:

И секако, горда сум што учествував активно во сите овие проекти во Банката! Ќе ме најдете по сликите 🙂 таа до уши насмеаната и со точакот под мене.

31357876_10156861398629453_6743143326674845696_n

 

Да си се вратам на темата, сакав да ги посочам најочигледните причини да се вози точак секојдневно:

  • Најбрзо се стигнува низ град со точак! ФАКТ! Докажано, пробано, сторено, препорачано!
  • Возењето точак е забавно, и кога ќе почнете активно да го користите секоја друга алтернатива на транспорт ќе ви биде бљак! Дури и кога врне или снежи наоѓаш Х причина за да си возиш точак па што сака нека биде и баба колку сака нека се крсти и фрла со чадори по тебе 🙂
  • Секако – влијаете на намалување на загадувањето на воздухот. (сите се жалиме дека не се дише, а ништо не правиме… епа ајде нешто да направиме!)
  • Одржувате здрав начин на живот, одржувате линија 😉 Ендорфини после вежбање = добро расположение. Пред и после работа…срдечно препорачано!
  • Немаше да сум банкарка да не ви порачав дека со возење точак редовно ШТЕДИТЕ ПАРИ бидејќи не плаќате за такси, кола, автобус, мотор, паркинг, казни, осигурување, регистрации и сл.
  • Ќе го нема она, “еееј пак ли нешто се случува? Пак ли ја затворија улицава?!” и дремење во место 15мин со уклучен мотор. Се ви е проодно, и лесно и со милион алтернативи за секој пат по различна рута да се возите за да не е здодевно.
  • “леле пак нема паркинг!” хаха, што? Врзи го точакот и ете ти паркинг. Ние како ТОПСИ Банка си поставивме на сите филијали паркинзи за клиентите и за вработените да можат безбедно да си ги користат и паркираат точаците.
  • Ако се дупне гума, расипе кочница, падне синџир … мн поефтино поминувате од поправка на кола/мотор плус е социјален момент. На велосипедист со дефект му помагаат бар 2-3 fellow bikers 😉

 

Не се лажете дека точакот скапо ќе треба да го платите! Сериозно, се наоѓа убав точак за добра пара, а за тие што сакаат да побезболо да поминат, има начин:

  • Со Кредитните картички на Стопанска можете да го купите велосипедот на рати без камата,
  • Со вашата ТОПСИ картичка можете и да добиете попуст.
  • Актуелни се и субвенциите…така да немате повеќе excuse

Од друга страна, јас мојот го земав половен, ама супер сочуван со подарок торби…Совет: торби да си земете! Па нема нешто подобро, дали пренесуваш алишта, дали пазариш, дали одиш на пикник…се ти собира! Нај, нај, најтопси!

Искрено, повеќе пати сум разговарала на темава со различни типови на луѓе. Некои не сакаат да се заморуваат, некои живеат далеку, некои едноставно се плашат од сеуште постоечката непроодност, непристапност и опасност поради неприспособени патишта…едноставно има многу на што да се работи, и да, постојат веќе средени патеки, но се фрлаат срчи, се пешачи, џогира на велосипедска патека… :0  но сепак се се сведува на тоа дека ова се само оправдувања!

Тој што живее далеку не мора секој ден да оди со точак, може да го користи на 5-7 км релации… тој што не сака да се заморува…е за него не знам што да кажам 🙂  хаха. За другите негативни страни можам да кажам дека се подобруваат, и горда сум што се повеќе се подигнува свеста на луѓето да користат велосипеди и што се повеќе се инвестира градот да се прилагоди за да се овозможи лесно возикање.

 

И да завршам со безбедност и во возење (види видео) и во чување на велосипедот на дневна основа.

Во врска со безбедноста и чувањето на точакот можам да ви посочам дека секогаш треба да го заклучувате независно дали сте тркнале до маркетот што е на 5 метри одалечен од вас…за секунда може да го снема независно колку брзо ќе потрчате… секогаш паркирајте го на прометни локации каде има паркинзи за точаци што се добро осветлени. Во однос на бравата, користете секогаш D-брава со добар квалитет која поскапо ќе ја платите, ама нема да може само да се кврцне или да се изврти завртката за неколку секунди. Во случај да нема паркинзи за точаци во близина, секогаш заклучувајте го точакот за нешто неподвижно, што не може да се подигне, скрши, исече, или отстрани. За максимална заштита користете два типа на брави кои ќе бидат од различни типови, (Д-брава и робустен синџир и катанец е идеален). Со бравата треба да ги фатите тркалата, рамката и држачот – фатете колку што е можно повеќе простор во рамките на D-бравата  на точакот. На сликата е баш убаво покажано како треба да се врзува. Многу често се случува точакот да е украден од влезот на зградата, од гаража, двор…. гледајте да го поставувате точакот во некои простории обезбедени со клуч, но и тогаш врзувајте го со брава… (пази се од комшије :D)

 

Ако е поскап точак може да го осигурате. Што, па за мали пари, барем ќе имате мирен сон, и нема да бидете на штрек кога ќе задрмаат скалите или нешто ќе шушне…

 

Ве чекам да ме поздравите со фотки #НаТочак на Инстаграм, на Твитер, на Фејсбук…кај сакате 🙂

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар