Објавено на од во категоријата мобилни апликации, Штедење.

Тагови:

iphone-x1

Екипа, не сум ви кажал нешто за мене… ТОТАЛЕН ФРИК СУМ ПО СÈ ШТО Е ОД „ЕПЛ“! Не се зезам, ТОТАЛЕН!

Не можам да се замислам што би правел без „ајфон“, „ајпад“, „мекбук“… Иако, најверојатно, сѐ би било исто, ама некако сум навлечен на „Епл“.

z9vxna9

И пред една недела, конечно, дочекавме да го претстават новиот „ајфон Х“ (iPhone X)!

Многу долго се шпекулирање за тоа каков ќе биде, што ќе има, која технологија и иновации ќе бидат имплементирани, поточно една цела индустрија се занимава со тоа што е следно од „Епл“! Некои погодија, некои отидоа предалеку, „хејтерите“ велат дека само се доближи до тоа што уредите со „Андроид“, особено хајенд, гo имаат веќе со години.

Shut-up-and-take-my-money

Новиот „ајфон“ воведува многу новости, особено за корисниците на претходни модели на овој паметен телефон (но не толку нови за корисниците на телефони со „Андроид“).

Тоа што е интересно е дека целиот преден дел е екран, а рамките се минимални. Исто така, нема повеќе отклучување со отпечаток од прст, а на сцена настапува препознавање на лицето, за кое тврдат дека не може да се измами со слика или, пак, доколку не погледнете во телефонот.

Тоа што други телефони го имаат оддамна, а „Епл“ допрва го воведува е и безжичното полнење. Практично, ама ако имаш пет-шест низ дома и на работа, во спротивно, и не прави некоја голема разлика за мене

22783-27982-iphonex_charging_dock_pods-l

Како и да е, јас мислам дека телефонот е феноменален и едвај чекам да пристигне, па да си го купам и со ТОПСИ попуст, а и на рати без камата со кредитна картичка од СБ! А и некој совет за штедење добро ќе ми дојде…

 

Business Insider

а и од следниот 🙂

Business Insider Photos 

До следно видување, со нов телефон в рака 🙂

 

 

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар