Објавено на од во категоријата e-banking, i-Bank, Едукација, Картички.

cash-withdrawal-animated-word-cloud-kinetic-typography_blgu5dbix_thumbnail-medium08

Здраво и од мене драги наши ТОПСИ читатели. Feels good to be back 🙂

Овој пат се решив да ви пишувам за една ама ептен непромовирана тема, која фаќа прашина и пајажина а која ветувам дека ќе ви биде корисна ако не премногу интересна 😉

Ајде најпрво да ве прашам – колку од вас знаат за што се може да се користат банкоматите?

Сигурна сум дека како од пушка кажувате за да вадам пари од картичка…и тука запнувате…за што друго? 🙂

Image result for funny atm memes

Е па драги мои, освен подигнување на пари, банкоматите нудат и доста други, мошне корисни опции и тоа во секое време од денот!

Еве на пример, за нас помладите, за сите ние кои постојано нешто брзаме и трчаме, кои имаме други обврски, сме излегле на пауза од работа и не ни се чека ред во филијала па не наоѓаме време да си платиме сметка или рата од кредит/картичка итн. За нас Банката ги нуди овие услуги, односно можност истото што го прават вработените во филијала да го направите сами и тоа на банкомат, и тоа на 160 локации и тоа 24/7!

Да, да, на банкомат, добро читате 🙂

 

Ајде да започнеме… еве што се можете да направите преку ATM сами:

  • пренос на средства помеѓу сметки
  • уплата на месечна доспеана рата за кредит или картичка
  • промена на ПИН-код на сите картички
  • проверка на месечен извештај за кредитни картички
  • деблокирање картичка
  • активирање картичка и
  • плаќање и по некоја сметка (ВИП, Телеком) или надополнување на кредит на pre-paid мобилни броеви

Во денешната објава ќе се осврнам подетално на тоа како да префрлате средства на друга сметка од Стопанска банка, за да имате претстава колку е едноставно, лесно и брзо

Ете, најбитното ќе го заборавев, на АТМ нема провизии за ниту една од горенаведените услуги, со други зборови БЕСПЛАТНИ се 🙂

 

Ќе ви објаснувам буквално чекор по чекор, baby steps!

Кратко упатство за пренос на средства преку банкомат:

Image result for стопанска банка банкомат
  1. Прво – Doh! – ставете ја вашата картичка во банкоматот 🙂
  2. Одберете јазик
  3. Внесете PIN (со целосно внимание – на темата сме зборувале претходно)
  4. Во менито одберете „други услуги“
  5. Потоа „Пренос на средства“
  6. The fun part: внесете ја сметката кон која сакате да префрлите средства и кликнете “продолжи“. Се внесуваат само 10 цифри од сметката па така, на пример ако сметката ви е 200-0012345678-90 треба да ги внесете само 10те бројки помеѓу цртките (без првите 3 и без последните 2)
  7. Внесете износ кој сакате да го префрлите – кликнете “коректно“
  8. Следниот екран е за потврда на внесените податоци, па доколу се точни кликнете “да“ во спротивно изберете “не“ и направете ги потребните корекции.
  9. Со потврда на податоците трансакцијата е завршена и ја добивате следната порака која гласи цитирам: ”Вашата трансакција е успешно реализирана. Дали сакате уште една трансакција?” cool, right?
  10. Секако, добивате и печатена белешка на која се впишани податоците за трансферот (препорачуваме да ја земете истата со себе)
  11. Земете си ја картичката и
  12. Тоа е целиот процес, се надевам дека овој мое кратко упатство ќе ви биде од помош…

На линкот имаме и кратко видео од чекорите кои погоре ви ги раскажав, за и визуелно да го доживеете и секако да почнете веќе од утре да го користите.

Доколку сакате дополнително да се информирате и за останатите АТМ опции слободно кликнете овде.

 

Image result for банкомат стопанска банка

Продолжете да титкате на банкомати 🙂 Остануваме на линија! Ве чекам со коментари и препораки и прашања!

Чао до следниот пост!

 

p.s. bonus info: ATM = Automated Teller Machine – ова ако некогаш сте се прашувале што значи АТМ 🙂

Маргарита

Маргарита

i-bank store

Комуникативна, весела оптимистички насторена. Обожава alternative solutions и приказни кои инспирираат 🙂
Маргарита

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар