Објавено на од во категоријата Едукација.

Тагови:

crop_CompanyAnalyzer

Провизии, трошоци ууу… самиот збор веднаш ве одвраќа кога ќе го чуете… колку и да се ниски, сепак, не сакате да ви се пресметуваат… но доброто е што има начин како да ги избегнете или, пак, да ги преполовите…

 

Трансакциска сметка

Вие како клиенти на Топси немате трошок за водење сметка, а тоа е трошок што секоја банка го пресметува во зависност од бројот на извршени трансакции.

Заштеда: 20-30 денари

Хинт : исто така, немате трошок за отворање сметка, па затоа → трк во филијала

 

АТМ услуги

Подигнувањето готовина од дебитна картичка, проверката на состојба, краткиот извештај за кредитната картичка, промената на пин, преносот на средства на друга сметка и плаќањето сметки се бесплатни услуги, кои можете да ги извршите преку банкомат.

Хинт: доколку имате потреба да подигнувате готовина од кредитна картичка тоа е без провизија секој последен викенд од месецот.

Хинт: кога сте во странство и доколку дозволуваат можностите, секогаш користете ја картичката во трговија место да подигнувате готовина.

Хинт: доколку сте во Македонија, секогаш подигнувајте готовина од АТМ на Стопанска банка бидејќи на банкомати од други банки имате провизија.

 

 Годишно членство на кредитната картичка

Доколку месечните извештаи ги добивате преку е-пошта место по пошта заштедувате на членство на кредитните картички.  А, доколку паметно ја користите картичката, правејќи годишен промет повисок од 90.000 денари во трговија, воопшто не го плаќате овој трошок 😉

 

Плаќање  сметки

  • Кон сметки во други банки:

Не е дека во целост е изоставен, меѓутоа мноооогу е понизок трошокот направен преку електронско плаќање сметки кон други банки место истите плаќања да ги направите на шалтер. Само за споредба:

  • За износ до 10.000 денари, плаќате 9 денари, место 35 денари
  • За износ повисок од 10.000 денари, плаќате 12 денари, место 45 денари
  • За мипс-плаќања трошокот е 100 денари, место 250 денари на шалтер.
  • За готовински уплати на шалтер кон други банки провизиите ви се движат до 70 денари…

Сами направете си ги калкулациите колку заштедувате… а да не зборуваме за патот до банка, чекање ред….

  • Кон сметки во Стопанска банка

Доколку плаќате сметки во Стопанска банка преку е-банкарство имате 0 провизија.

Хинт: побарајте си токен за плаќање, направете 10 трансакции за да ви биде бесплатен и бидете си раат. Отсега плаќањата ќе ги правите од кое било место во светот, нема да трошите на превоз до банка и ќе си заштедите време и здравје.

 

Извод од сметка

Да, да изводот од сметка е бесплатен. Но ако ви треба за период подолг од една година, за да не плаќате трошок подобро е да си го испечатите преку е-банкарство.

Хинт: колку што побргу си отворите електронски пристап толку подобро. Трк во најблиската филијала.

 

Дебитна картичка

Топси картичката, освен тоа што е платежна, ви нуди можност да добивате попусти на Топси продажните места од 5% до 30%.

Хинт: креирајте си Топси картичка преку м-банкарство или, пак, побарајте ја новата мастер Топси картичка во која било филијала на СБ.

 

Следете ги промоциите на банката

Банката активно врши промоции на одредени производи. Тие се секогаш атрактивни и исплатливи бидејќи трошоците се пониски од регуларните.

Хинт: кога се ажурирате изјаснете се ДА за промотивни активности 🙂

 

Да, ви ги кажав малите тајни на големите банкари… и верувајте, сите се корисни. Колку што побргу почнете да ги применувате подобро… задоволни клиенти… нема подобро.

До следното читање….

мјаУ?

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар