Објавено на од во категоријата i-Bank, shopping, Картички, Патувања.

Quote-beach-please-saying-picture

 

Секое лето истите приказни откако бев мала: мачкај се со заштитен фактор, носи капа/шешир/марама, пази се од инесекти, пиј вода, не седи цел ден на сонце, чувај го телефонот и парите, пази со кого излегуваш и што пиеш…

Да мамоооо….

 

 

Ама…мајка може мисли дека знае се, но јас ја учев како да си ги пази картичките особено во лето.

Платежните картички се веќе наголемо распространети и ретко кој користи готовина. Со бесконтактните плаќања, уште повеќе е зголемен бројот на трансакции особено за мали износи како што се доручек, пауза и слично.
Сепак, иако готовината ни е на безбедно, паметно е да внимаваме и на безбедноста на нашите картички.

Еве неколку мои Bay Watch моменти за картичките:

 

  • Кога правиш резервација на авио билети или сместување внимавај да користиш безбедни веб страници (со катанче и https)
  • Кога купуваш online зборувај со пријатели за нивните искуства со веб страници кои не ти се познати, некогаш испораката трае и по 60 денови да не се разочараш дека помина летото додека стигнат апостолките што ги нарача 🙂
  • When abroad – користи ги картичките наместо кеш (помали се курсните разлики а и ќе бидеш cool и прилагоден на начинот на кој локалците живеат)
  • Запомни, со бесконтактните картички до одреден износ не ти бара внес на ПИН
  • За сите останати внеси го сам ПИН-от без да го соопштуваш гласно или да биде видлив за друг
  • Ажурирај го мобилниот телефон во контакт центарот на (02)3100 109 за да добиваш СМС-ки за “сомнителни” трансакции
  • Користи ги бесплатните i-bank услуги за 24/7 увид во состојбата на сметките и ако видиш сомнителна трансакција во изводот веднаш алармирај на kontaktcentar@stb.com.mk

И за крај уште неколку Bay Watch сликички чисто онака… да освежиме 😀

До следното читање, мјау

 

 

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар