Објавено на од во категоријата Картички.

Тагови:

how-safe-and-secure-are-contactless-payments

Дечки,  правевме муабет зошто треба да плаќаме со картичка, и мислам дека се разбравме, нели… Затоа што е подобро. 😀 😀

 

Веќе знаете како безбедно да купувате на нет, па сега да научиме безбедно користење и на во продавници и на банкомати. Ништо комплицирано, а и посигурно од кеш.

 

Знам дека сега ќе кажете дека и картичката може некој да ја украде, или да ја изгубите, или пак, да ја заборавите. И така е, но, затоа постои ПИН код, којшто си го знаете само вие, а без кој картичката во најголема мера е неупотреблива на банкомати и во продавници. Запамтете, ПИН-от си го знаете само вие, а тоа така треба и да остане.

 

Ако некој ве праша за ПИН-от, одговорот е:

1

 

ПИН-от не го запишувајте никаде, памтете го. Само 4 бројчиња се, ништо страшно. А тие 4 бројчиња можете да ги смените во кои сакате, не мора да бидат оние што ги издала банката. Се што треба да се направи е на банкомат да го внесете постоечкиот пин, потоа одбирате промена на ПИН, го внесувате новиот, и промената е направена. Само, please избегнувајте родендени, четири нули, 1234 и слично… Тие лесно би можел да ги погоди некој, нели?

Најверојатно и вие сте дел од многуте кои си ги запишуваат ПИН-овите во телефон. Знам, и јас бев, пред да дознаам дека можам сам да си го сменам во кои бројки сакам. Телефонот и не е така безбеден, се случува и други луѓе да ви го фаќаат и гледаат, па некој може да ви го дознае ПИН-от. Штом ги спомнуваме мобилните телефони, сите имаат некаква заштита, и добро да се користи код за отклучување или отклучување со отпечаток од прст.

Можеби некој ќе се пронајде, и не ми се лутете, но има фаци што си го запишуваат ПИН-от позади на самата картичка, на просторот за потпис. ДА, ДА на самата картичка! Дечки, seriously???

 

Спомнав дека има и нови картички, со con-tactless функционалност, како и можноста за купување без ПИН за помали износи? Ова е супер згодно, а и не само затоа што е интересно, брзо и модерно, туку и безбедно. Кога ќе забележите дека терминалот може да прави и вакви плаќања, картичката не ја давате на продавачите, туку само ја допирате до терминалот, а за помали износи не внесуваш ни ПИН (нели се договоривме и за најмали плаќања користиме картичка). Штом никој нема контакт со картичката, освен самите вие, тогаш се намалува и можноста некој да се обиде да ја злоупотреби.

Овие contactless трансакции со картичка имаат исто ниво на безбедност како и трансакциите со внесување на картичката во терминалот. Не верувајте во оние приказни дека некој ќе ви ги пресними податоците со мобилен телефон кој има NFC (Near Field Communication) чип и ќе може да прави што сака со вашите пари. Тоа се приказни измислени само за да генерираат повеќе views на YouTube…

 

Нормално, некогаш ќе мора да внесете и ПИН, без разлика дали сте во продавница, кафич, или пак треба да извадите кеш од банкомат. За целосно да се заштите и да бидете безбедни, во овие ситуации само покријте ја раката за да не може некој од страна, од горе, од доле или од каде било да го види или сними пинот. И готово!!!

 

 

Ја научивте лекцијата нели? Со еден потег целосно сте заштитени! Е сега, на кој не му е сепак јасно, да го пратиме тука:

 

🙂

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар