Објавено на од во категоријата m-banking, shopping, TOPSI, Едукација, Штедење.

Тагови:

ksenijablog3

Доброто менаџирање на личните финансии е клучно за отплата на своите сметки, купување свој дом или инвестирање во некој бизнис. Финансиската дисциплина е нешто што се здобива и треба да се практикува за да се обезбеди стабилна иднина.

Едноставно, не можеме вечно да имаме изговор и да им го препишуваме распуштањето на родителите. По првата плата ние решаваме каде и на што ќе ги потрошиме нашите средства. Бидејќи приспособувањето од 300 денари дневен џепарлак на 1.000 денари е малку предизвикувачки и е период во кој може да си дозволиме нов телефон, маица, ручеци, кафиња, сепак треба да се замислиме дали имаме доволно за да можеме да истераме еден одмор на свој џеб?

Безгрижноста е супер, но таа не може да трае долго време. Треба да знаеме што вреди да си дозволиме, а од кои работи немаме реална потреба. Гледајте секогаш да вложувате во поголеми работи. Ако во денот не отидете на едно кафе и тие пари тргнете ги настрана, тогаш за една година ќе имате околу 300 евра. Па, би рекла дека, да, може и да се откажеме од некои слатки задоволства.

Како и да е, на секој од нас му треба совет или два кога се решава да направи каква било финансиска трансакција. Бидејќи и купувањето лимони се разликува од една до друга продавница, може да се каже дека секогаш е добредојден каков било совет. Поради тоа, би сакала да ви посочам неколку сајтови на кои имате совети, буквално, за секој аспект од финансиите.

  • The Penny Hoarder ве советува дека независно од професијата и колку заработувате, можете да заштедувате без проблем, па и да се пензионирате со високи заштеди.
  • Money talks news by Stacy Johnson во повеќе од 20 години им има помогнато на милиони луѓе што сакаат да заштедат и да создадат богатство, а добитник е и на наградата „Еми“ за своите видеa и статии.
  • 5$ Dinners е интересен блог каде што заштедите се фокусираат на основни намирници со цел тие пари да се искористат за отплата на долг, заштеда за одмор или за што било сте го предвиделе како финансиска цел.
  • Everything finance како што навестува името, тука имате финансиски информации за сѐ! Блогот ги покрива сите теми, вклучувајќи инвестиции, заштеда на пари, пазарење, заработување некој денар плус, патентирање, патувања и работа преку интернет.
  • Your Smart Money Moves By oXYGen Financial, Inc според многумина, се најдобри за лични финансии за X&Y генерација со значајни совети како се штеди, како се менаџираат парите, финансиските сервиси.
  • MintLife Blog ви ги дава основите на финансиското менаџирање за донесување скромни животни одлуки.
  • Money Saving Mom е блог насочен кон заштедите, да прекинеме да се чувствуваме поразени и, конечно, да си ги организираме животот и домот.

 

Некои практични совети од мене, кои се покажаа како добри во заштедата и кои искрено ви ги предлагам:

  • Отворете си сметка, различна од таа каде што ја земате платата, и секоја недела префрлувајте си некоја сума што е прифатлива за вас. На пример, таква сметка може да е флекси депозит, пакет плус, девизна сметка… каде што, едноставно, со токен, во кое било време ќе си извршите уплата.
  • Имајте преглед каде трошите преку бесплатната апликација за м-банкарство, а тоа наједноставно ќе го видите преку: кликнување на сметката, клик на полето изводи и горе (гледај слика подолу) има една пита каде што стои на што сте трошеле најмногу со картичка, дали облека, продавници, ресторани… правилото е: ако знаете каде трошите најмногу, ќе знаете каде и да скратите.

ksenijablog1 ksenijablog
Bonus for artistic impression: Секоја монета од џеб или од паричник чувајте ја директно во шише од два литра или во голема тегла. По само неколку месеци ќе се зачудите колку сте заштедиле

ksenijablog2.png

 

Епа луѓе, со лесно нека оди штедењето и трошењето!

Мјау

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар