Објавено на од во категоријата мобилни апликации.

Тагови:

goodbye-phone

Кога некој ќе спомне паметен телефон, смартфон, или дури и само мобилен, која е првата слика која ви се појавува? Некој убав iPhone, новиот Samsung Galaxy Note, огромниот избор на други Android уреди кои веќе можат да се најдат по различни цени, почнувајќи од 3.000 па до повеќе десетици илјади денари? Признајте, никој не помисли на уред кој работи на Windows оперативен систем! Како потсетување, овој оперативен систем накратко беше популарен и кај нас со неколку модели на Nokia Lumia. Alcatel, Acer, Sony (дел од линијата Experia) а и некои од овие се уште се произведуваат. Но, никој нема да ви се налути што не помисливте прво на некој Windows смартфон, бидејќи моменталното учество на пазарот е околу 0,1% од вкупниот број на уреди!

Секако, ова и не беше секогаш вака. Пред околу 5-6 години, Windows паметните телефони представуваа 5% од вклупниот број на уред. А оваа бројка и не треба да се занемарува. Уредите беа популарни и кај нас, особено поради нивната одлична компатибилност со Windows оперативните системи за десктоп и лаптоп компјутерите, но и ценовна конкурентност.

Стопанска банка, веднаш по лансирањето на првата мобилна апликација за банкарски услуги кај нас, во 2013 ја представи и мобилната апликација за Windows Mobile уреди. Апликацијата континуирано беше ажурирана, согласно со новите верзии на оперативниот систем, како и нови и подобрени функционалности и промени во дизајнот. Оценките за истата на Windows Marketplace се одлични, но сепак, поради малата база на корисници на овој оперативен систем, бројот на симнувања остана далеку помал од симнувањата за Android и iOS уреди.

Но, во изминативе години Microsoft не само што не успеа да го зголеми пазарното учество на Windows Phone (тука подразбирам сите варијанти на  Windows Mobile  и Windows Phone оперативните системи), туку не успеа ниту да се задржи постоечкиот удел. Иако оперативниот систем е оценет како стабилен, едноставен и практичен, а беше превземена и Nokia со цел да се зголеми популарноста на платформата, сепак успехот не беше ни приближно задоволителен, а Android и iOS уредите продолжија да освојуваат се повеќе од пазарот. Многумина проблемот го лоцираат во тоа што платформата никогаш не стана доволно интересна и не привлече доволен број на апликации, а со тоа ни доволен број на корисници. Иако експертите оценуваат дека веќе една година оперативнито систем едноставно е во фокусот на компанијата, оваа есен тоа беше и официјално соопштено. Windows Phone повеќе нема да добива нов развој и функционалности туку само поправка на багови и безбедносна надоградба.

Ова значи дека во блиска иднина ќе престанат да се произведуваат и уреди кои работат на овој оперативен систем, а и бројот на достапни апликации ќе се намали и истите нема да можат да го следат трендот на другите платформи, бидејќи технолигијата на Windows Phone уредите ќе заостанува.

За жал, во комшаниите чии што апликации губат поддршката за Windows Phone уредите ќе мораме да ја вброиме Стопанска банка, односно нашата и m-banking апликација. Исто како и самата платформа, апликацијата, која активно ја надградувавме и развиваме полни 4 години, сепак во следниот период нема да добива нови функционалности, туку само неопходната поддршка за нејзино понатамошно безбедно користење. Истовремено, бевме и остануваме единствена банка со апликација за Windows Phone оперативен систем. Горди сме што и покрај малата популарност на оваа платформа, целиот овој период апликацијата за Windows Phone уреди беше надградувана и подобрувана, и истото продолжи се додека самиот Microsoft не се откажа од истата!

Можеби некогаш, повторно ќе се врати некоја по напредна верзија на мобилниот оперативен систем од Microsoft, и овојпат похрабро и директно ќе ги нападне позициите на Apple (iOS) и Google (Android). А СТБ спремно ќе го дочека и тој предизвик!

1

Извор: https://www.theverge.com/2017/10/9/16446280/microsoft-finally-admits-windows-phone-is-dead

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар