Објавено на од во категоријата shopping, TOPSI, Без категорија, Едукација, Штедење.

hranamarga

 

Што е здраво, подобро, поквалитетно?

 

Драги мои, со оглед на тоа што се приближува лето, плажа, море, сонце и секако сите сакаме да сме (се вратиме) во топ форма решив овој мој блог пост да го посветам на здравиот начин на исхрана. Нели убавината доаѓа одвнатре 🙂

Секојдневно слушам од родителите, колегите/колешките, другарките, клиентите итн како сакаат да се хранат здраво, како се што купуваме е вештачко, полно со адитиви, шеќери и е штетно за организмот. Во исто време, опкружени сме со изобилие од секаков вид брза храна, но и со притисокот на совршено тело, здрав живот, итн.

На полиците во супермаркетите има милиони различни производи, брендови, цени прилагодени маркетиншки за понежен, посилен пол, за семејството, за нас, потоа има сезонска, вонсезонска и локална храна но што да се користи, Што да се купи, што е тоа што е квалитетно и здраво?

 

Што да се јаде?

hranamarga1

Факт е дека со ова брзо темпо на живот најмалку внимваваме на она што го конзумираме посебно за време на пауза на работа/факултет, а тоа “ручек време“ е за еден од најглавните и најбитните оброци во денот! Како последица на тоа сѐ појавуваат се повеќе состојби и болести од кои ние сите патиме. А токму витамините, минералите и микронутриентите се губат во процесот на производството и преработката на храната па затоа секогаш кога ќе сте во можност избегнувајте брза храна и обидете се да си го приготвите оброкот сами.

 

Можно решение?

 

За среќа можеме да кажеме дека и во Македонија постои нешто корисно во овој поглед, покрај тв-емисиите за храна, како и онлајн блогови и влогови, веќе постојат и апликации.

Од мене препорака добива ЈАДАМ ЗДРАВО (JADAM ZDRAVO) која можете да ја најдете на Google Play и да си ја симнете, for free секако за да добиете инспирација од рецептите кои се внимателно избрани и проверени а нудат здрав начин на исхрана и подобрено здравје.

jadamzdravo

 

Дополнителен предизвик за здравата исхрана е набавката на свежи и добро избрани намирници. Си ги посетувам пазарите на редовна основа а во последните години и големите маркети имаат одлична понуда на свежа храна. Само ве молам не заборавајте го клучниот ingredient што мене редовно ми се случува 🙂 Ќе спремам се за пилешко со печурки и…ќе ги заборавам печурките 🙁

Но…има чаре 🙂 Еве пример ситуација:

Со полна пареа се подготвувате, го имате повикано вашето друштво на вечера сакате се да биде совршено, но и атмосферата да биде опуштена. Сте биле во шопинг по намирници, полека се припрема јадењето со задоволство си работите низ кујната кога сфаќате дека сте заборавиле да купите уште нешто… 🙂 И сега што? Немате време пак до продавница, единствено да се јавите на некој другар да ви докупи. Одлична идеа, но што ако нема доволно пари со себе?

Лесно и едноставно со Topsi Pay префрлете му пари кои веднаш ги има на картичка и voila…решен проблем, ем вие ќе си зготвите по рецепт, ем чиста сметка со пријателот!

topsipay

Повеќе инфо за Topsi Pay тука!

 

 

Доколку сакате плус информации на темата, повелете неколку линкови на кои има интересни статии за исхраната:

Арткујна – Три чекори до поздрава исхрана!

Spoiler Alert – Нова апликација за заштеда на храна може да го направи фрлањето храна дел од нашето минато.

Pharmanews – Зошто нутриционистите не ја јадат оваа „здрава“ храна?

 

Доколку имате искуство во готвење и сакате хумано да се однесувате, придружете им се на #РетвитниОброк и развеселете ги нашите сограѓани кои тешко наоѓаат прилика за комплетен оброк во текот на денот.

 

До следно читање – њам њам 🙂

Маргарита

Маргарита

i-bank store

Комуникативна, весела оптимистички насторена. Обожава alternative solutions и приказни кои инспирираат 🙂
Маргарита

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар