Објавено на од во категоријата crowdfunding.

Тагови:

crowdfunding

 

Здраво почитувана публико :).

Мило ми е што првиот пост ќе ми биде за нешто во кое многу силно верувам и е наменето за  сите со претприемачки дух, поддржувачи на добри идеи,  ентузијасти, како и за оние кои само сакаат да видат што проект има комшијата 🙂

Можеби сеуште е нов поим затоа малку накратко за краудфандингот.

 

Краудфандинг (Crowdfunding) е колективно здружување на многу луѓе, кои своите средства ги наменуваат за поддршка на иницијатива или на бизнис-идеја. Ова, обично, се прави преку специјализирани интернет-платформи или со нивна помош. Сè се сведува на тоа дека индивидуални проекти и бизнис се финансираат со мали влогови од голем број поединци, дозволувајќи им на иноваторите, претприемачите и на сопствениците на бизнис да ги користат нивните социјални мрежи за собирање средства.

Додека, пак, функцијата на платформите за краудфандинг е поврзување на креаторите на проектите со пошироката јавност / вложувачите преку прикажување на нивните идеи, што ѝ овозможува на заинтересираната публика да избере, да се поврзе и да верува дека таа идеја има потенцијал да се оствари и е веродостојна.

Поврзувањето оди преку електронската трговија (e-commerce), а едноставноста на плаќањето со картичка и достапноста 24/7 од кое било место во земјата или во странство им нуди можност на креаторите да се насочат кон поголема публика, а на поддржувачите им нуди можност да ги финансираат проектите без проблем.

 

kraudfunding

Ѕирнете ја кампањава. Прво нешто што ќе помислите е ау колку е кул, браво за креаторот! Креаторот има „совршен“ производ, но интересно е што шест месеци пред да го доживее овој успех, тој не успеал да ја собере бараната сума средства.

За да не ги оставате работите на случајност кога имате суперпроизвод / услуга еве неколку кратки совети како да имате успешна кампања:

  1. Користете ја вашата мрежа. Потрудете се првите влогови да дојдат од луѓе што ги познавате, со цел да се здобиете со кредибилитет. Тоа ќе ги мотивира нерешителните да вложат.
  2. Одредете ја целната публика за да можете на полесен начин да ја координирате вашата кампања, да изберете соодветни награди и при комуникацијата да ги употребите вистинските зборови.
  3. Наградете ги вложувачите. Паметно изберете ги наградите. Тие не треба да ви наштетат на буџетот, а, сепак, треба да бидат креативни, со вредност и, секако, поврзани со проектот.
  4. Промоција Мора да сте присутни и активно да ја промовирате кампањата. Промоцијата е клучна! Привлечете го вниманието на вложувачите преку онлајн и офлајн-медиуми.
  5. Комуникација. Бидете отворени спрема вложувачите, кажете им ги вашите финансиски цели, претставете се себеси преку краток elevator pitch, и секогаш правете апдејт до каде сте со проектот (ова важи дури и кога е завршена кампањата, никогаш не знаете кога повторно ќе направите надградување на производот или ќе поставите нов проект).
  6. Секогаш имајте план Б. Не секои кампањи се успешни, некои креатори успеваат по n-тиот обид да ја достигнат планираната сума средства. Затоа секогаш бидете чекор напред и знајте ги Вашите идни планови. Знајте дека по неуспехот не траен секогаш има опција да го доработите стариот или да почнете сосема нов проект.

Многу битно…. и во Македонија постои платформа за краудфандинг. Добро е да се знае дека групното вложување е една од алтернативите за финансиски средства во раната фаза, во однос на традиционалните начини на финансирање, но може да биде комплементарна со нив.

  • Како за крај, интересни факти за краудфандингот
  • Само три проценти од населението во САД вложува во краудфандинг-проекти.
  • Просечниот влог во проект на letsfundit.mk е 1.004 МКД (светски просек 25 САД долари)
  • Најмногу успешно реализирани краудфандинг-кампањи изразено во проценти траат од 20 до 40 денови.
  • Проектите што се опишуваат со 300 до 500 зборови се здобиваат со потребните средства!
  • Просечната стапка на успех на кампањите за краудфандинг во 2012 година е 50 проценти.
  • Три проекти во Македонија успеаа да ги надминат бараните средства
  • Најуспешната кампања за краудфандинг во Македонија успеа да собере 79.650 МКД за само 17 дена

Нема оправдување. Мора постојано да се трудите за да го откриете својот потенцијал. Ова важи и за одличните идеи, ако се на хартија нема голема корист од нив, покажете ги, па ќе дознаете колку другите сметаат дека се одлични. Момци, нема зошто да не се обидете бидејќи нема што да загубите :).

 

Till the next time. Мјау

 

 

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар