Објавено на од во категоријата e-commerce.

precekoruvanje

Почитувани online купувачи и почитувачи на Black Friday/Cyber Monday и други шопинг лудила…

Ве информираме дека во екот на најголемите глобални online настани Стопанска банка одлучи да организира свој сопствен online настан со цел промоција на e-commerce кај одбрани локални трговци, но и купувањето online од страна на корисниците на платежни картички.

Нашиот Cyber Monday ќе се одржи се разбира во понеделник, на 26ти ноември и тоа во нашата i-bank store филијала.

Учесниците во нашиот Cyber Monday ќе добијат износ до 5.000 денари на платежна картичка и термин од 10 минути за online купување на македонски e-commerce страници! Значи, de facto, одлична прилика за бесплатен шопинг 🙂
Се што треба да направите за да пројавите интерес за учество е да одговорите на прашалниот на линкот подолу, а потоа очекувајте да бидете извлечени и контактирани за учество во првиот Cyber Monday настан во i-bank store!

Банката по случаен избор ќе избере вкупно 30 учесници кои ќе добијат 10 минутен термин во понеделник, на 26ти ноември да ги испробаат своите online шопинг спобности во филијалата i-bank store. Секако, се што ќе си купат ќе си биде нивно 🙂

Се разбравме? Ајде сега, ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ТУКА 

За повеќе инфо следете нé на нашиот Facebook профил тука

Поддржано од topsi.mk

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар