Објавено на од во категоријата Патувања, Стипендии, Студирање.

first_step-680x365

 

Среќна нова! Нека сме со добро здравје и нека новата година ни донесе многу искрени насмевки, искрени пријатели, успеси, љубов и страст за живот.

Нова година, нов старт и можност да ги исправиме или допрва да ги направиме работите кои ги тушкаме под тепихче. Нема кој не се надева на подобра година и си задава предизвици кои сака да ги достигне.

Добро е што сите ја започнуваме годината со желба да направиме нешто повеќе, треба само до тоа да се држиме и да го реализираме. Така да, само храбро дечки!

Јас секогаш имам многу голема желба, кога станува збор за нови работи кои треба да се направат, доживеат, научат. За оваа година веќе е направен списокот на работи кои морам да ги направам! Да со извичник, зошто нема зошто да чекам, сакам и морам да ги направам! (мора малку мотивација да си давам)

  1. Да се подобрам себеси

Под оваа точка се моите сопствени очекувања J Не е дека не си викам браво после добро завршена работа, ама секогаш гледам критички и барам начин како би ја подобрила. Треба да сакате се подобрувате, дали физички, дали психички, и да ова е долгогодишен процес што не треба да го заборавите по патот.

1
  1. Да ги усреќам луѓето околу мене

Како што идат годините се повеќе го ценам времето со моите најблиски. Тие ми значат се, па што е еден мал знак на внимание кој би им го направил денот?

Или пак на тотално непознат човек, еве прв пат се сретнувате, нема зошто да не сме ок,  ништо не не чини ако кажеме добар збор. Насмевката секогаш предизвикува насмевка (добро, сепак има исклучоци).

2

  

  1. Патувања

Патувањата добро делуваат, ти ги шират хоризонтите, се збогатуваш со информации, пробуваш и вкусуваш нови работи, нови луѓе, нова култура, едноставно живееш со полна плуќа! Ти се полнат батериите! После убаво патување си полетен ехеее хее те држи расположението, и се што мислиш е каде на следно место.

 3

 

  1. Курсеви

Дали јазици, дали специјализирани курсеви, се е ок. Иако имате многу за учење, работите или сакате да искачате, секогаш најдете време да учите нешто плус. Не знаете кога ќе Ви притреба.

Воглавно, има работи кои ми се повторуваат со изминатите години, но не е тоа страшно, сепак некои работи мораат да имаат континуитет.

 

4

 

Дечки одморете се добро за празниците, полека со јадењето, и спремајте се за уште многу “банкарцки работи“ во следниот период.

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар