Објавено на од во категоријата Без категорија, вработување, Стипендии.

business-financial-future1

Еее да, сите сакаме да имаме поволности. Но, дали тогаш ќе имаме предизвик да ги оствариме целите или, пак, секогаш ќе се надеваме дека ќе има некој да ни помогне или да ни го овозможи тоа? Сѐ додека не ги преземеме финансиите во наши раце ние секогаш ќе се потпираме на некој друг. И да, речиси сите во текот на животот имаме помош од родителите, како што имале и тие, независно што имаат педесетина години.

Во животот некогаш доаѓа моментот кога нашата врска со парите е созреана. Можеби настанала кога не сакајќи сме западнале во долг и сме си ветиле дека веќе нема нерационално да ги трошиме средствата или, пак, можеби кога сме ја сфатиле вистинската вредност од поседување сопствен дом.

Секој случај што е наведен подолу е пример за добра задолженост, нешто што претставува инвестиција од која ќе очекуваме, на некој начин, да ни донесе поудобен живот.

Кредит за купување на стан што може да си го дозволите

Купување стан / куќа, најверојатно, претставува најголема инвестиција во животот. Доколку имате наследство или, пак, помош од родителите при купување на станот, на наша возраст, ако не добиеме на лото, нема друг начин да си дозволиме стан/куќа, освен да штедиме додека не навршиме 70 години (а што до тогаш?). Бидејќи овие кредити поради повисокиот износ си носат и подолг период на плаќање, треба да знаете да ги вклопите во домашниот буџет.

1

Образование

Никогаш не треба да се занемари важноста на образованието. Секогаш гледајте да инвестирате во себе и во вашите можности за дообразување како што е завршување факултет, магистерски студии, па зошто да не и докторат?

🙂 Образованието само по себе не носи дополнителна заработка, па затоа треба да знаете кои од тие знаења имаат побарувачка на пазарот на труд.

Автомобил

Овој дел не сакам многу да го форсирам затоа што од личен аспект сметам дека кога станува збор за лесно и брзо достапни места (дури и да не е така), секогаш (значи секогаш!) треба да користите или јавен превоз (освен во вторник и во петок), или велосипед (моето најомилено нешто!) или да ги протегнете малку нозете на ова убаво време. Да, јас најмногу го сакам мојот точак, кој, иако може е чудно, има и име. За другите ситуации, возилото е, навистина, потреба и само поради денешното темпо на живот и обврски на автомобилот гледам како на инвестиција.

 

2

Приватен бизнис

Само напред претприемачи!  Бизнис-ангели, неповратни грантови и, сепак, недостигаат средства. Ако силно верувате и ја имате добро осмислено вашата бизнис-идеја секогаш треба да се стремите да ја реализирате. И да, кредитот некогаш е тоа што ќе ви помогне да почнете или, пак, да го развиете бизнисот.

Сѐ додека не преземете чекори кон водење, а не само одлука за вашите лични финансии, не можете да кажете дека сте финансиски созреани.

 

3

 

Till the next time.

Мјау

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар