Објавено на од во категоријата TOPSI, Едукација, Општествена одговорност, Патувања, Штедење.

20170926163842-GettyImages-543082622

Хелоооу, како е? Знаете каков е редот – ново #ТОПСИ блогче 🙂

Користите социјални мрежи така? Само што ги преброив апликациите, јас активно користам повеќе од пет – секојдневно. И морам да признаам дека Инстаграм полека но сигурно ми станува омилена 🙂

Со глобалниот замав кој го направи интернетот, се создадоа социјалните мрежи како нов, побрз начин на информирање и комуникација. Потребата од дружба и социјализација постоела отсекогаш, но социјалните медиуми придонесоа сето ова да се одвива на полесен начин.[1] Тргнете од себе, колку пати во денот договарате кафе средба/состанок преку некоја од социјалните мрежи? Да не ги спомнувам вибер chat групите каде цело друштво e up to date со секакво инфо и комуницирате преку smileys, гифчиња и стикери 🙂

Рандом факт: моментално во светот има повеќе од 2,8 милијарди корисници на социјални медиуми или повеќе од една третина од светската популација.

 

Додека социјалните мрежи стануваат вообичаена платформа за комуникација, сте размислиле ли колку начинот на кој комуницираме е изменет, “благодарение” на нив?!?

  • Потреба од споделување

Социјалните платформи ја зголемија потребата луѓето својот живот да го споделуваат онлајн. Пошо нели, ако не е на Фејсбук – исто како да не се случило. Твитер стана најпознат по тоа дека дури и славните личности станаа опседнати да ја известуваат своите фанови со тоа што они јадат за доручек, каде вежбаат и сл. Во основната комуникација луѓето пренесуваат инфо и добиваат инстант фидбек. На социјалните мрежи, без многу напор корисникот може но и не мора да одговори веднаш. Ве дели само едно seen 🙂

Seen-At-452-PM.-299
  • Пренесување на целата приказна

Колку пати ви се случило да доживеете некој настан на кој присуствува некој ваш пријател, преку социјалните медиуми? Не сте директно присутен но покрај сите слики, видеа, сториња, вие следите безмалку се – од почеток до крај.

  • Личен печат во комуникацијата

Прилагодувањето на содржината не значи само да се избере колку време ќе е достапна сликата или каков супер кул наслов ќе ја придружува. Инстаграм и Снепчет одат чекор подалеку, охрабрувајќи ги своите корисници да можат да цртаат, пишуваат, додаваат филтри и сето тоа со една цел – забава.

1

Сакале ние да признаеме или не, социјалните медиуми станаа голем дел од нашето секојдневие. Благодарна сум на можноста да се изразам себеси со зборови, слики или видеа. Започнав фриленс активности и запознав неверојатни луѓе кои и ден денес ми се пријатели.

Бидејќи сигурно сте Internet & Social media зависни како мене, знаете дека треба да не следите на „Фејсбук“ Стопанска банка – На ваша страна, како и на Instagram @stopanskabanka затоа што се наближуваат многу промоции и настани кои не смеете да ги пропуштите 🙂

2

 

До следно читање!

[1] https://fowmedia.com/social-media-changed-communicate/

Симона

Симона

Дирекција за административни работи од областа на човечки ресурси

Збор, два, три
Насмеан креативец, фриленсер и fashion addict.
Симона

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар