Објавено на од во категоријата crowdfunding.

Тагови:

1

Сите сме размислувале понекогаш дека можеби е и подобро да си отвориме некој сопствен бизнис. За оние кои што се убедени дека тоа е она што го сакаат, принципите на ефективно претприемништво можат да Ви помогнат во насока на развивање на бизнис идејата.

Ефективно претприемништво е начин на размислување кој им служи на претприемачите во процесите на идентификација на можности и создавање на нов капитал. Ефективното претприемништво вклучува сет на принципи на одлучување кои претприемачите ги почитуваат особено во ситуации каде има неизвесност.

Постојат принципи кои го дефинираат ефективното претриемништво. Тоа се:

  • Принцип на птица во рака Претприемачи започнуваат со она што тие го имаат. Тие се осврнуваат на она што се тие, што знаат и кого познаваат. Образование, вкусови и искуства се дел од факторите кои се важни во оваа фаза. Покрај овие примери, ова е, исто така, фаза каде што на претприемачите им се битни кои им се пријатели, семејство и луѓе кои неосновано ги критикуваат. Од оваа точка, можат да видат кои се нивните способности. Всушност претприемачпт не започнува со она што му е цел да го постигне, туку со алатки  и способностите кои што ги поседува.
  • Принцип на дозволена загуба Претприемачот не се фокусира на можна добивка, туку на можните загуби и на тоа како тие може да се минимизираат. Тие се фокусираат на тоа колку може да си дозволат да изгубат во одредена фаза, наместо да одат на принципот се или ништо.

Пример: Од Lego сфатиле дека правењето на софтвер не е една од нивните основни компетенции, но ја согледале потребата од софтвер каде каде што потрошувачите би можеле да ги дизајнираат посакуваните производи. Затоа тие ги викнале нивните корисници да го направат овој софтер во првобитната фаза притоа контролирајќи ги ризиците и трошоците. Овој чекор може да придонесе претприемачот да се чувствува дека ја дава својата оригинална идеја и својата компетитивност. Но, всушност ова споделување со заедницата и креативните луѓе надвор од компанијата му помогна на Lego да изгради производ побрз и подобар отколку што би бил производот кој би бил направен интерно во компанијата. Со ова Lego ризикуваа, меѓутоа до одредени граници кои што можеа да си ги дозволат.

  • The Crazy Quilt Principle Претприемачите соработуваат со партнери на кои што можат да им веруваат. Овие партнери ја ограничуваат прифатливата загуба, со претходно потпишан договор.
  • Лимонада принцип Претприемачите бараат начини како да се справат со непредвидените настани. Изненадувањата не се гледаат како нешто лошо, туку како можност да се најдат нови пазари.

Пример: Пивото Guinness е резултат на среќна грешка. Артур Гинис започнал со подготовка на пиво уште во средината на 1700-тите. Тој случајно го оставил јачменот подолго и добил нов пијалок со друга боја.  Тој својата грешка им ја продал на вратарите на доковите кои го купиле пивото по поевтина цена и им се допаднало. Од скромни почетоци денес Guinness е еден од најголемите производители на пиво во светот.

Со успех во имплементацијата 🙂

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар