Објавено на од во категоријата Без категорија.

Тагови:

social-media-c8f24f2f0e

Се вработивме што се вработивме па сега да прозбориме малку на тема социјални медиуми, ти, јас и останатите како медиум.

Сега дружбата е онлајн, а договарањето со другарчето наместо на фиксен (бидејќи тебе едно незгодно додека вртиш во ниедно време дома ”БОЈАН ИМА ЗА УЧЕЊЕ И НЕ ТИ Е СРАМ ДА СЕ ЈАВУВАШ ВО ЧЕТИРИ СААТ?”) се префрли на тастатура и одма е полесно.

Велат пишаниот збор тежи повеќе, посебно ако е пишан со CAPS LOCK и Вold 🙂 па можеш да си допуштиш се да си кажеш, се што ти лежи на душичката. Нејсе.

Отварањето на еден профил по мреживе е прилично лесно и речиси секој денес има по минимум еден профил во мрежата. Правиш профил од различни причини: ако си фирма зголемуваш awareness за брендот, својата корисничка грижа ја носиш на повисоко ниво, општиш со своите клиенти, ги запознаваш и слушаш нивните барања или проблеми, продаваш. Социјалните медиуми имаат многу придонесено во продажбата на една компанија, посебно на оние кои се на почетокот во своето работење.  Индивидуалец пак вообичаено отвара профил за дружба, освен ако не е тетка ти, она го отвара само за да ти коментира на слики NAJUBAF NA TETKA SIII, POZDRAVI GI PODOMA OD TETKA CECE 🙂 иако е на 10 минути од куќа и се слуша со мајка ти по 10 пати во неделата.

Социјалниве медиуми направија бум последниве 10 години, направија од обични луѓе, милијардери, (Марк Зукерберг) направија луѓе “влијателни” – медиум каде што нивниот збор тежи повеќе од еден дневен весник и имаат читаност поголема од онаа на печатен медиум во најдобрите времиња, сменија народни влади, направија ново движење. Но секој со својата приказна, јас на пример отворив еден, па друг, па трет ама никогаш не станав еден од горенаведените J Ако добро ги користиш можеш да бидеш прилично информиран и да ти помогнат во некои фази од животот, работа, шетање, љубов… Исто како и во животот ти сам си одговорен за она што денес ќе го прочиташ (кликнеш) и научиш нешто од нив. На пример има толку многу добри и поучни фб/инстаграм страни што не мора да гуглаш за рецепти ако ти се пријаде, за смеење ако ти се смее или пак места за шетање ако ти се шета…

Јас на пример мреживе ги користам вака:

Ми се јаде некое благце или нешто со кашкавал, отварам ФБ “Tasty” и готвам нешто набрзинка за 10 минути или ако сум во движење барам на инстаграм @monikapotter и го наоѓам ресторанчето/lounge bar-от у близина.

Ми се гледа филмче или некој арт да исчистам мозок од светов барам Reborn на фб/инстаграм и уживам у артови/филмови.

Кога ми  се дебатира за се и сешто и сакам да се направам паметен отварам твитер и почнувам дискусија со првиот кој ми противречи на аргументи, барем сега е лесно 🙂

giphy

 

Кога сакам да се испонасмеам на туѓа “несреќа” (многу лошо од моја страна) пуштам YouTube и гледам fail compilation…

gbmGMn

 

Кога сакам да проверам некоја банкарска понуда или ми треба некоја информација за производите на Банката Стопанска банка е секогаш тука да ми одговори на прашањата во inbox, а која е твојата? 🙂

Да ги поживее семоќниот сите овие млади дечки и нивните стартапи кои придонесоа  многу за општеството, секоја информација сервирана на тацна и изџвакана до степен да не мораш да уклучиш мозок. 🙂

Но се си има лоша страна, многу од нас медиумиве не ги користат корисно односно да дојдат до информација и да научат нешто ново, да најдат дечко/девојка 🙂

tumblr_n9bfco6Kcd1slejfuo1_500

Во последно време се пројавија многу неточни информации, fake news, се појави Трамп во Велес, некој да користи влијателност за лични потреби иaко не се слушните двете страни.

Муабетот ми беше, ако веќе имате моќ на убедување на широката маса use it wisely, aко може некако да помогнете и да информирате за некои случувања do it ама правете го тоа без задња намера, бидејќи последиците од ширењето на вести можат да нанесат штета на личноста, на компанијата, и на сите околу вас.

Што би рекол Uncle Ben на Peter Parker

raw

Over and out и samo ljubov lugjenca 🙂

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар