Објавено на од во категоријата TOPSI, Картички, Општествена одговорност, Студирање.

Тагови:

tile-wide

Студент си. И сега имаш сосема поинаков живот од оној во средно. Почнаа сите да те третираат како возрасен, имаш обврски и рокови, сфаќаш посуштински што значи конкуренција на „пазарот“ зошто сите се борат и за оценка, и за пракса, и за подобри булети во CV…


Во ваква консталација на услови тие 4-5 години студирање знаат да пролетаат. Па затоа. треба да се искористат до максимум. Секоја минута да биде вредна и искористена. А како тоа најдобро да се направи? Којзнае… Секој си тера на свој начин и секој си ја пишува својата приказна.

Некаде после Втората светска војна, уплашени од низата војни кои го треселе светот во само 50 години, младите од Европа формираат здружение кое има за цел подобра комуникација помеѓу студентите од сите земји. Размена, патувања, соработки…се што ќе помогне овие млади лица да соработуваат и да се запознаваат. Да ги прифатат културолошките разлики, да научат едни од други за утреден да можат заедно да градат подобра иднина за целиот свет. Идејата водилка им била дека тешко ќе ти биде да се скараш со пријател отколку со некој што не го познаваш воопшто.

И така тргнала идејата за ISIC.

International Student Identity Card. Со други зборови, покажи ја и цел свет ќе знае дека си студент и на тоа ќе гледа благонаклоно.

Денес, ISIC е асоцијација поддржана од Обединетите нации, поточно од UNESCO кои ја препознале користа од позитивното здружување на студентите ширум светот.

На локално па и на лично ниво, ISIC значи пристап до огромна база на попусти ширум светот. Plane and simple.

Значи можност за патување (железничкиот сообраќај е на места и за 50-70% поевтин), можност за истражување (музеи и други значајни светски ресурси се достапни за мал % од вообичаената цена), можност за создавање на навики за штедење и паметно управување со парите и секако можност за припадност на една активна генерација која работи на промена на светот на подобро.

И со ризик овој блог пост да звучи како PR текст, ТОПСИ си го најде својот партнер во ISIC и од аспект на целна група но и од идеолошки аспект. ТОПСИ има амбиција да биде поблиску до младите на возраст 18<>28 со релевантни производи и услуги како и со попусти и зделки.


Кампањата на Стопанска банка со ISIC трае до 31.12 и веќе беа реализирани посети на бројни кампуси во Македонија.

Ги повикуваме сите студенти кои ја препознаваат потребата од поседување на своја трансакциска сметка, бесплатна MasterCard TOPSI картичка и 24/7 пристап до алтернативни канали да пополнат апликација во една од нашите филијали и со документ кој ќе потврди статус на студент (индекс или потврда) можат да ја добијат и ISIC картичката бесплатно, со важност до крајот на следната година.

Ги знаете линковите, но да ви ги подредиме на едно место. Повелете, дознајте, прашајте претходни корисници на ISIC картичката и ве очекуваме.

ТОПСИ поздрав.

Стопанска банка АД – Скопје

ISIC Macedonia

ISIC Worldwide

MasterCard TOPSI

i-bank услуги

Локации на филијали

Стопанска Банка

На ваша страна

Последни постови од Стопанска Банка (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар