Објавено на од во категоријата вработување, Едукација.

1

Друштво како сме? Се надевам дека сте топ во овие тропски денови. Еуфоријата околу Суперкупот се уште трае, но треба да продолжиме да правиме пари, така?

Некои од вас веќе имаат блог, а некои можеби размислуваат да почнат со пишување (добредојдени сте на блогерската сцена!) и сигурно знаете дека може одлично да се заработува од истиот.

 

Hbo GIF - Find & Share on GIPHY

 

Самата идеја да си седиш дома во пижами, да пишуваш за некоја тема која те интересира и притоа од тоа да правиш пари е супер кул.
Реалноста е дека блогирањето нема да те збогати веднаш. Откако ќе го стартувате блогот и посетите ќе се во пораст (барем да имаат линеарен прогрес), подготвени сте за монетизирање на блогот. Клучните три работи на кои треба да се фокусирате се: посетеност (број на читатели), репутација и интеракција со читателите, со цел да имаат пријатен престој на вашиот блог.

2

Да погледнеме некои начини на монетизација кои може да се користат за својот онлајн простор да го претвориме во приход.

1. Affiliate Marketing

Концептот тука е прилично едноставен. Ќе работите со надворешен партнер – најчесто е тоа е-трговија платформа или друг онлајн бизнис, избирате производ или неколку производи за промоција. Преку рекламирање на производот во контекст на вашиот блог пост ќе имаат можност да го купат тој производ, а ако тоа го направат, вие ќе заработите процент од секоја продажба. На овој начин повеќето светски блогери се и opinion maker-и.

2. Премиум содржина (Digital products and downloads)

Mожете да креирате дигитални производи или превземање на содржина (за симболична сума) и на овој начин ќе создадете свој материјал за промоција. На пример, ако блогирате за уметност и занаети, можете да продавате шаблони или модели за превземање.

3. Google AdSense

You either love it or hate it. Моќна алатка на Google која овозможува win – win ситуација. Реклами, спонзорства на онлајн просторот, при што се таргетира, се анализира содржината, структурата на блогот/веб – страната, фреквенцијата и употребата на клучни зборови.

Досега мора да сте слушнале за луѓе кои навистина прават многу пари од својот блог и тоа им е regular job. Некои од тие блогери – нинџи се:

  • Arianna Huffington со The Huffington Post (http://www.huffingtonpost.com) со месечна заработка од околу $2.330.000
  • Michael Arrington со Techcrunch (https://techcrunch.com) со месечна заработка од $800.000
  • Pete Cashmore со Mashable (http://mashable.com) со месечен приход од околу $600.000

И вас ви се сврте од сумите, нели? За да бидеме како нив, не чека многу блогирање на квалитетна содржина и следење на фидбекот од читателите. Направете го првиот чекор и дајте се од себе, на крајот од денот – нема што да изгубите.

Btw, веќе сте #ТОПСИ нели? Ако не, може да аплицирате онлајн (овде) https://apply.stb.com.mk/appForm/topsi

 

Симона

Симона

Дирекција за административни работи од областа на човечки ресурси

Збор, два, три
Насмеан креативец, фриленсер и fashion addict.
Симона

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар