
Периодов секој ден ни претставува чекор поблиску до летото, сите го очекуваме со нетрпеливост. Водата станува потопла, кожата потемна, пијачките поладни, ноќите подолги, животот повесел!
Полека започнуваат и подготовките за летните одмори. Препорачливо е да ги правиме што порано како би начекале поголем избор и подобри цени. Оние што им е стварно сеедно потоа имаат опција да фатат добра last minute понуда, но реално, зошто да одложувате се до последен миг?
Вообичаено во последниве години, јас најчесто пребарувам добри зделки на Booking или Airbnb. Oваа година решив да прочешлам подобро низ интернетов, да ѕирнам и на други места за да најдам супер место со прифатлива цена. Следниве сајтови ми фатија око и би ви ги препорачала:
Е сега, колку и да има добри сајтови, сепак најбрзо пребарување може да се направи со мета-пребарувач. Фино лепо си го пишуваш местото каде сакаш да одиш и споредбата за која треба да имаш отворено 20 таба ти ја прави прелесна. Просто кажано, си имаш еден пребарувач кој ги користи резултатите на други пребарувачи.
Сајтовите https://www.alltherooms.com, https://www.travelocity.com и https://www.trivago.co.uk/ навистина ми олеснија и ми ги собраа сите хотели, апартмани, соби на едно купче. Едноставно, се внесува посакуваната локација и се избираат датумите, и пребарувачот ти понудува листа на опции. Можете лесно да ги сортирате добиените резултати од пребарувањето со подесување на рангот на цената, оброците, итн. Потоа со одбирањето на хотелот/ апартманот те трансфера на сајтот кој ја дава понудата и каде се завршува резервирањето. Само пари на картичка, и можеш да почнеш со број на картичка, име презиме, датум на важност, CVV2 (кодот на картичката кој стои на задната страна)и за 2 минути завршена работа.
Само пазете што резервирате, ја сега морав да откажам резервација зошто у брзање избрав соба без кујна. Значи мора да се има кујниче, да се спржи нешто, како ќе ги одржиме во форма кулинарските способности? И каде прво кафе од сабајле, ако не во домашна атмосфера???
Друга препорака → и кај нас има добри понуди од агенциите. А што е уште подобро, може да си плаќате на рати без камата кај овие агенции со сб картичките. Повелеле линк. Па може да ви испадне поисплатливо отколку да идете со свој аранжман. Видете си, направете си математика и одлучете си. На крај може и да направите и два одмора место еден 🙂
Ви посакувам успешна потрага по Вашето место за уживање, одмор и забава.
Till the next time.
Мјау
Ксенија
Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.
Последни постови од Ксенија (види ги сите)
- Совети за продуктивност за оние кои не сакаат совети - 01/03/2018
- Банкарски провизии и бенефиции - 15/09/2017
- Блогови за лични финансии - 26/07/2017
Напиши коментар
Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.