Објавено на од во категоријата i-Bank, m-banking, TOPSI, мобилни апликации.

Тагови:

topsi_slika_web_2016

Дечки, јас мислам дека е право време да преминеме на важните работи! За мене веќе знаете дека сум од штедливите, па денес ќе ви зборувам за попусти. Кој не сака попусти? Особено ако сѐ што треба да направите е да си креирате #ТОПСИ картичка и да станете дел од нашето друштво.

First things first, што е #ТОПСИ картичка?

#ТОПСИ е специјална картичка која можеш сам да си ја дизајнираш преку нашата m-banking апликација и после да си ја користиш за да си добиеш супер попуст за разни работи во голем број на продавници, ресторани и слично.

Следно, како да дизајнирам #ТОПСИ картичка?

  1. Регистрирај се за i-bank услугите на СБ

Во било која од филијалите на СБ можеш да се регистрираш за i-bank услугите на СБ. Земи си корисничко име и лозинка и….

  1. Инсталирај ја m-banking апликацијата на СБ

Трк на Playstore, Аppstore или Windows Market да ја симнеш m-banking апликацијата! Откако ќе ја инсталираш, отвори ја и клик, клик, кликни на најголемото ТОПСИ копче. Не можеш да го промашиш, еве го тука, види колкаво е :).

2

 

  1. Креирај си ТОПСИ картичка

Одбери ја опцијата покажи ID картичка

3

Внеси ги корисничкото име и лозинката што ти ги дадоа во филијала

3-1

Ако прв пат се најавуваш, ќе треба да ја смениш иницијалната лозинка со нова лозинка што сам ќе си ја смислиш. Гратис хинт – ако кликнеш тука и креираш ПИН за најава, после нема да мораш да се најавуваш со корисничко име и лозинка туку само ќе си го внесеш 4-цифрениот ПИН и брзински ќе се најавиш кога и да ти треба)

Внимателно прочитај ги правилата за користење на ТОПСИ платформата за креирање картички или едноставно кликни дека се согласуваш како што прават сите (немој да кажуваш дека јас сум го предложила ова) 😉

3-2

Ако сакаш сам да си дизајнираш картичка, кликни на опцијата Креирај свој дизајн и покажи ни ја твојата креативност. Ако ти треба инспирација, кликни тука за да ги погледаш дизајните што веќе ги креираа другите дечки од #ТОПСИ друштвото. Ако те мрзи да дизајнираш и само сакаш попуст, кликни на опцијата Избор од предефинирани темплејти и ние ќе одбереме некој кул дизајн место тебе.

3-3

Одбери си некоја #ТОПСИ слика, нешто што си сликнал на плажа или на скијање, ако знаеш да црташ нашкрабај ни нешто интересно или пак залепи ни некој стикер. Јас, на пример, очигледно не знам да цртам. Ама да знаеш како знам да купувам… Особено ако е на попуст! Не заборавај да си го зачуваш дизајнот. Ние ќе ти ја испечатиме твојата #ТОПСИ картичка и ќе ти пишеме СМС кога ќе може да си ја земеш. Во меѓувреме, можеш да ја покажуваш и од телефонот и да си добиеш попуст така.

3-4
  1. Одбери си што ќе си купиш на попуст

Добредојдовте во друштвото на кул дечки! Сега да ја пробаме картичкава. Клик на полето Зграпчи зделка за да видиш што сѐ имаме на попуст.

4

Па многу нормално дека јас ќе одберам попуст во Рапсоди 🙂 Нели ви кажав веќе сакам во Виена за Нова година. Нели веќе видовте и дека не почнав да штедам на време (ако не видовте, брзо да ми го прочитате првиот пост тука).

Од мене толку овој пат. Во коментарите кажете ми кај кој трговец би сакале да добиете попуст со Топси картичката за да се потрудиме да ви го овозможиме ако сѐ уште го немаме. До тогаш, се гледаме на кафе во Дион. И тоа на попуст 😉

Симона

Дирекција за трансакциско банкарство

Откривам мудри, инспиративни и напредни трендови, давам свое критично мислење и не се разубедувам лесно!

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар