Објавено на од во категоријата crowdfunding, мобилни апликации, Патувања.

Тагови:

20170425_132155

Здравo момци и девојки, се надевам не ви фалев 🙂 Овој пат нема да ви досадувам за банкарските работи, туку ќе споделам едно супер искуство за мојата посета на  самитот за Маркетинг и Иновација ВЕБИТ и зашто е битно барем еднаш да искусите ваков фестивал од светски рамки.

Најпрво за оние кои не се запознаени, ВЕБИТ е интернационален самит кој се одржува на годишно ниво и опфаќа теми како што се  иновации, технологија, маркетинг и старт ап компании. Со преку 5000 учесници, 250+ говорници и 100 стартап компании од кои ќе слушнете и ќе се запознаете со доста интересни приказни. Фестивалот траеше два дена и имаше 4 стејџа.

Како и секој голем фестивал и организација поради разноликоста на тематиките фестивалот е поделен на неколку стејџови. На секој стејџ постои распоред односно листа на спикери кои зборуваат на различни теми и нели, бидејќи сите посетители се од различни области вие ќе сакате  да го слушнете она што е во вашиот домејн. Јас ги посетив сите :). Највеќе внимание покрај главниот стејџ на кој присуствуваа имиња со улоги VP, CEO, MD ми привлече Start Up stage-от. Својствено направен без многу помпа, едноставен и почетнички баш онака како и што започнуваат едни компании. Покрај маркетингот, отсекогаш ме воодушевувал start up бизнисот, компании со големи идеи и надеж дека ќе го сменат светот на начин како што го сторија, Google, Microsoft… А на стејџот по 1 претставник од секоја старт ап компанија со тајминг од 3 минути, да го презентира на најдобар можен начин пред судиите (успешни личности) кои беа во публика и ги оценуваа или во превод “ова се твоите 3 минути” да освоиш 200.000 евра. Бидејќи самитот е за иновативност и технологија компаниите беа претежно мобилни апликации #CaptainObvious мене око ми фати една наша македонска Football Chat (тука) чинам се викаше. Јас како следач на фудбал и актуелен спортски предвидувач ми звучеше одлично ем комуницираш со пријатели околу натпреварите ем ќе добиеш по некој предлог тип за фудбал for free :), пробајте ја мислам дека вреди. За сите стартапи тука,а за победникот тука.

Оваа година ми се чини дека темата на фестивалот беше Вештачката интелигенција и нејзината иднина. На секој стејџ начнаа по некоја тема за вештачката интелигенција. Ако до пред 5 години беше mobile first сега е ai first. Имаше доста говори околу нејзината целосна примена во бизнисот и што се таа може да направи наместо човекот. Еден од говорниците дури и ја “обвини” ТЕСЛА дека не направила доволно истражување околу автономноста на автомобилот дека луѓето и не се баш спремни да му веруваат на еден автомобил сам да ги однесе од точка А до точка Б. Всушност технологијата била спремна во 2002 од тогашните BMW или Мерцедес но заклучиле дека луѓето сеуште не се спремни за ова.  Мојот човек Стив Џобс тука би кажал, луѓето не знаат што им треба се додека не ги убедиш дека тоа им е потребно. Но човек од старата школа би рекол “Човекот на себе не може да си верува не па на компјутер” на крајот вие одбирате. 🙂

Во секој случај интересен настан кој е во близина (локациски) Софија/Бугарија и е вреден за посета барем еднаш во вашата професионална кариера. 🙂

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар