Објавено на од во категоријата e-commerce, shopping, мобилни апликации.

1

Здраво дечки, како сме? Јас сум одлично, фала на прашање, пост-роденденски расположена 🙂

Бидејќи сме средина на месец и тоа Ноември (патем, каде за Нова Година? 🙂 ) мислам дека треба да позборуваме малку повеќе за најголемите попусти кога се работи за online shopping-от.

Даниел во неговиот последен блог пост ви пишуваше за купување преку интернет во МК, btw правосмукалчето за пред laptop е awesome – дефинитивно треба да си го купам! Во продолжение нешто повеќе за international online shopping и тоа на попуст!

Секоја година на 11/11 се одржува Eleven/eleven или т.н Singles Day на “Алибаба” најголемата светска интернет продавница – (https://www.aliexpress.com/) сo луди попусти!

Како и сите шопинг зависници, фино си ја спремив Mastercard ТОПСИ картичката и почнав со роварење. Сивото џемперџе што го меркав веќе подолго време, ланче за со џемперчето, стегачи за вежбање, нова маска за телефон, слушалки за телефонот (за секој случај ако откажат овие), kitchen gadgets .. Ииии нема крај! Неколку саати квалитетно истражување за потоа кога ја видов сумата во кошничката да ми се сврти, но нели има попуст + имам пари од роденден! Сега преостанува да ги почекам сите работи да стигнат (Македонски Пошти, please be kind 🙂 )

Инаку цела планета интензивно празнела картици викендов, така што Alibaba Group Holding Ltd. оствариле рекордни 168,2 милијарди јуани (25,3 милијарди долари) во продажбата![1] За уште поинтересно искуство овој гигант од интернет продавница организирал и гала вечер каде гостувале актерката Никол Кидман и раперот Фарел Вилијамс.

Зачудувачки податок е тоа што околу 90% од трансакциите биле извршени преку мобилен телефон. Во rush hour, процесорите на компанијата работеле со 256.000 трансакции во секунда.

Основачот Jack Ma изјавил дека посакува “Singles Day” да прерасне во настан од глобален карактер. Можеме да се согласиме дека Јack е на добар пат и од година в година си ја остварува желбата 🙂

Но попустите не застануваат тука, следен настан за кој треба да се подготвиме е #BlackFriday кој оваа година е на 24ти Ноември. Покрај интернет продавниците во странство, може да се пофалиме дека во последните неколку години и МК интернет продавници како Групер, Нептун, Купи на попуст овозможуваат супер попусти на различни производи и услуги.

Последен настан со интернет попусти е #CyberMonday кој секоја година е првиот понеделник после #BlackFriday, што значи на 27ми Ноември. Сите оние кои имаат потреба од технички производи и гаџети (под услов да не потрошиле се на #SinglesDay & #BlackFriday) можат да најдат одлични попусти.

За крај мал tip & trick, разгледајте се што ви се допаѓа или ви е хеопходно, зачувајте во bookmark и чекајте го денот да го купите на попуст 🙂

 

 

 

[1] https://www.nytimes.com/2017/11/10/business/alibaba-singles-day.html

Симона

Симона

Дирекција за административни работи од областа на човечки ресурси

Збор, два, три
Насмеан креативец, фриленсер и fashion addict.
Симона

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар