Објавено на од во категоријата e-commerce, shopping, мобилни апликации.

Тагови:

Shoppers vie for copies of video games at a Black Friday sale at a Wal-Mart Stores Inc. store in Mentor, Ohio, U.S., on Thursday, Nov. 24, 2011. Retailers are pouring on the discounts to attract consumers grappling with 9 percent unemployment and a slower U.S. economic expansion than previously estimated. Photographer: Daniel Acker/Bloomberg via Getty Images

Месец на фестивали, некој едвај чека ова,

%d0%b4%d0%b0%d0%b4%d0%b0

а некој ова

%d0%b4%d0%b0%d0%b4%d0%b0%d0%b412

…кој по што си е 🙂

Anyhow, пред да почнам да се објаснувам околу темава, на кратко за мене секако без пропорции 🙂 Long story short регуларен #ТОПСИ дечко со user friendly профили по социјалниве мрежи, секогаш тука да споделам некоја интересна вест со вас па и да разврземе по некоја дебата околу банкарскиве поими/услуги/производи по интернетов. At your service.

Епа ајде, да се поклониме и да почнеме.

Во постов решив да позборуваме за поинакви фестивали, фестивали на попустите. Повеќето од вас, можеби, веќе знаат дека ноември е месец на најголемите годишни попусти на интернет, поправете ме ако грешам 🙂 Секоја година трговците се натпреваруваат на меѓународно ниво кој oд нив ќе даде поголем попуст и ќе оствари поголема продажба, за на крај, секако, да биде задоволен главниот, купувачот. Да ги објасниме накратко трите шопинг-маратони што ни претстојат:

  1. #ElevenEleven / 11/11 или т.н. #SinglesDay – Овој т.н. шопинг-фестивал се одржува на 11 ноември на „Алибаба“ – најголемата светска интернет-продавница (www.aliexpress.com) со огромни попусти на интернет и со рекордна продажба од година на година.

* Ја репетира дебитната картичка Master GO 

2. #BlackFriday – Популарниот Црн петок каде што трговците низ светот ги одобруваат најголемите попусти и оваа година се паѓа на 25 ноември. Општо е познато дека трговците, всушност, ги чистат резервите на производите со доделување големи попусти, а и оваа година ќе се случи тоа што се случува секоја година (стампедо клипчиња на „YouTube“) 🙂 Од популарните интернет-продавници што го „слават“ овој ден се вообичаените продавници на интернет, „AliExpress“, „E-Bay“, „Amazon“, но не ги изоставуваме ни нашите трговци, кои ќе се приклучат кон попустите „АМЦ“, „Е-купи“, „Сетек“, „Групер“, „Купи на попуст“, „Непутн“, „Агротехна“, „Техномаркет“…

*ги загрева прстите за YouTube клипчиња 

3. #CyberMonday – Е за гаџетарите, љубителите на технички производи. Секоја година овој шопинг-фестивал се случува првиот понеделник по Black Friday, што значи овој 28 ноември..

*гугла Smart Watch за 5 US$

e1a3e297cbdccda5145fae93e55f6815

 

Е сега, откако се потсетивме кои се, всушност, трите фестивали, да позборуваме малку за начинот и за можноста за купување.

Знаете, ние сме клик-генерација и се навикнавме некако сè да ни е на рака, без разлика дали тоа би било маус или, пак, телефон, а до тоалет никако без телефон (најкреативни и гуглабилни сме тоа време, покажуваат истражувањата). 🙂 Ми текнува еднаш, решив да симнам игра од „PlayStore“ да утепам време, а тоа ми препорача апликација „AliExpress“ и така се олеснив, за некои десетина евра 🙂 од нигде никаде си купив антена за возило и маска за телефонов… абе диференцијација. Среќа што не беше 11.11 ќе заглавев, од скролање 🙂 Муабетот ми беше – е до толку е лесно да се купува на интернет.

Времето нè гази #тиктактиктак, a работи што ви се потребни да купувате на интернет (барем за фестиваливе), претпоставувам дека веќе ги имате:

•  Каков било „паметен“ уред што ве поврзува на интернет,

•  Корисничко име и лозинка од сервисот што го користите (Ali Express, Amazon, E-bay)

•  И, секако платежна картичка (не признавам друга освен со Master GO дебитна)

Кратко за чекорите за купување::

Значи, првиот чекор е регистрацијата (доколку се немате регистрирано) на кој било од сервисите што ги споменав погоре, вториот е search what you need (or don’t), третиот е тоа кога наоѓаш добра зделка и кликаш buy, четвртиот е кога ќе ти побара податоци од картичката што веќе ги имаш на неа, а петтиот е ГОТОООВОООООО! 🙂

Епа луѓе, сега откако ви дадов хинт околу начинот на купување и ви ги објаснив накратко чекорите за купување, мислам дека сте подготвени за месецов на попусти. Подгответе ги вашите картички и чекајте. Што е ваше ќе си дојде, а што не, сами ќе си го најдете на „AliExpress“.

P.S. откако ќе го извршите плаќањето можете мирно да спиете. VISA и MasterCard картичките од Стопанска банка се единствените во Македонија што го имаат меѓународниот 3D Secure сертификат за безбедно купување 😉 Купувајте отпуштено!

P.P.S. дур не почнале датумиве, вие однапред ѕирнете што ви се допаѓа по нет, ставете си ги во букмарк и уште повеќе ќе скратите на време.

Среќно луѓе, и чекам некои интересни работи во коментар што е она што сакате или веќе го имате купено од нет.

До следниот блог пост!

 

black-friday-infographic

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар