
Ај да си купиме по нешто од МК online продавниците!
Полека, полека winter is coming па нема многу да ни се мрда од дома. Ќе заборавиме на физички активности и ќе се впуштиме на “лежерај”. Ќе дојдат оние сивите денови каде што освен клик и серија/филм, преку викенд нема да ти се прави ништо па низ глава ќе ти помине мисла “Дај да ѕирнам што има на Asos/Ali express”.
А, што си видов едно правосмукалче за пред laptop, ама па процедура додека стигнеeeeeeee. Баталете ајде, ќе проверам нешто по локалниве online продавници, ќе се најде по нешто. 🙂
И јас станав од новиве милениалс, прво нешто што барам од продавнициве е дали имаат онлајн продавница, а од постоечкиве веќе во букмаркс ми се АМЦ, Сетек, Нептун, еКупи, Купи на попуст, Групер…
Предностите на МК онлајн продавница наспроти таа странската е времето потрошено на чекање, можеби цените се за нијанса поразлични но затоа времето на чекање е 1-2 дена а бидејќи сум нетрпелив избирам нешто веднаш додека има средства и го ставам во кошничка.
Зошто баш онлајн? Duuuuh, времето потрошено. 🙂 Се разбира и палетата на избор, она што не можеш да го имаш во физичка продавница можеш да го имаш online, повеќе информации за производот и секако internet reviews што подразбира побрза одлука при купување.
На прашањето дали се безбедни и што ако не ми се испорача производот, секако дека се и секако дека ќе ви се испорача. Овие продавници се веќе етаблирани на пазарот и се едни од најголемите онлајн трговци во земјата. Продавници како Купи на попуст и Групер се продавници кои се фокусираат само на онлајн продажба и се најголемите онлајн продавници во државата, додека другите функционираат и како физички продавници.
Она што треба да го имате спремно периодов кој претстои е само платежна картичка (пожелно да е MasterCard ТОПСИ) и секако средства. Вашето online journey во МК може да започне.
Мои предлози што би ги задоволиле вашите потреби за некој викенд 🙂
- Банско ноќевање
- Фит алка – да не се улежите многу 🙂
- Bluetooth звучник – да се опуштите со некое добро музиче
- PS4 + Fifa 2018 – нема добар викенд без гејминг
Пуштете некое интересно линкче за што вие би издвоиле некој буџет 🙂
До следно читање
Даниел
[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.
Последни постови од Даниел (види ги сите)
- Повторно #CyberMonday предизвик во i-bank store! - 22/11/2019
- 8 години доаѓа зимата - 16/04/2019
- 5 години i-bank store - 28/01/2019
Напиши коментар
Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.