Објавено на од во категоријата мобилни апликации.

121

Едноставни, многу ефективни, супер интересни и во оооогромен број. Да, денес имаме мега избор на апликации и тој или ќе не натера да се откажеме или толку ќе не заинати да идеме до крај и да ја најдеме за нас најпотребната апликација.

Прво нешто што треба да направиме во океанот на апликации е мала анализа пред да почнеме со инсталирање. Почетен предуслов е нашата потреба од некој вид на апликација, имајќи во предвид дека повеќето од нас имаме лимитирана меморија на нашите смартфонови/таблети, кој поради многу песни, кој поради многу зачувани селфиња 😀 Друг показател кој е лесно воочлив е бројот на симнувања кој го има една апликација во споредба со нејзин субститут. Секако и дадените коментари (reviews) ни ја разјаснуват сликата за квалитетот на една апликција.

Веќе ги знаеме најкористените апликации како Facebook и неговиот Messenger, Instagram, Snapchat, Viber, Skype, YouTube и многу други. Во овој блог сакам да ви посочам неколку бесплатни апликации од различна природа за кои сметам дека би ви се нашле во денешниот брз начин на живеење.

Ulmon
е последна апликација ја симнав на неодамнешното патување во Прага и истата претставува богата колекција на мапи која вклучува фотографии и коментари за разновидните локации. Нема роаминг, ти ја дава твојата локација преку GPS , без интернет едноставно ги наоѓав улиците, адресите на претходно обележаните музеи, кафулиња, знаменитости, локалната транспортна мрежа. Нема шанси нешто да ти помине непосетено или пак недај боже да се изгубите.

Друга апликација базирана на ГПС позиционирачкиот систем е Stravа, која служи за т.н. тракирање на поминато растојание. Ја користам чат пат кога трчам, а многу повеќе кога возам точак.

За оние кои значителен дел од своето работно време го поминуваат во работа со документација, апликација CamScanner е вистинска за нив. Се случува да ти се расипе скенерот или пак воопшто да немате скенер? Едноставно фотографирајте го документот и оваа апликација ќе ви помогне истиот да изгледа како да е скениран. Оваа апликација ја има долго време, а тоа што мене ми се допаѓа е опцијата за конверзија на документот во PDF формат.

Pocket  е едноставна апликација која може да ви послужи за зачувување на веб линкови  кои сте ги виделе низ интернетот, за да подоцна може да ги прочитате и без интернет конекција.

Letgo е апликација која овозможува купопродажба на разновидни работи ставени на оглас од страна на самите корисници. Иако беше создадена неодамна (2015 г), оваа апликација за краток период ги освои симпатиите на корисниците.  Ова се должи на нејзините карактеристики како: минимален дизајн, гео-локација на огласените работи, опција за chat кој веднаш може да ве поврзе со  некој друг огласувач итн. Истата е достапна и за симнување во нашата земја и како што можам да приметам расте во нагорна линија, со се поголем број на огласи.

3

Иако досега не сум користела апликации како Spotify и Shazam, сепак можам да почнам, затоа што многу се нервирам кога не можам да се сетам на името на песната која ја слушам. Овие апликации за секунда ќе ви ги скратат ваквите маки.

Апликација што доста се користи е  IFTTT. Супер е ако имаме други смарт уреди, зошто со апликацијата можеме да ги контролираме.  Супер е ако имаме други смарт уреди, зошто со апликацијава можеме да ги контролираме. Друга ок работа е тоа што може да ни симнуваме слики од инстаграм и да ги уплоудираме на Dropbox.

Исто ја предлагам Applock која ви дава дополнителна заштита на вашите апликации. Ја пробав и супер е! Ако не сакате некој да ви чита  муабети, гледа слики апликацијава ви е таман.

И секако тука е и апликацијата што е најексплотирана од моја страна, М-банкинг апликацијата на Стб, која минимум ја отварам 3 пати на ден, дал за плаќање, дал да видам дали капнало нешто, да видам што трансакции сум направила и каде најмногу сум трошела. Навистина ми е толку едноставна и корисна, ми прави заштеда на време и пари што не ни можам да помислам како без неа.

Дечки тоа беа моите предлози, а Вие сигурно имате искуство и веќе користите некоја супер апликација зависно од вашите потреби. Доколку имате да ни препорачате некои кул апликации, слободно пишете ги вашите предлози.

 

Till the next time.

Мјаууу

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар