
Здраво здраво,
Крајот на неделата значи опуштање со ново блогче, па така денес ќе читнете нешто повеќе за еден од многуте awesome настани кои ги организираме.

Почеток на школска година или попознато како враќање во клупа, купување на најшарените тетратки, моливчиња и пенкалца во бои. Тоа беше причина да ги поканиме сите ученици, нови првачиња и искусните осмооделенци на забава МУДРОСТИ – РАДОСТИ. Прослава на еден нов почеток каде преку забава и игра се освоија мнооогу вредни подароци.
Секој учесник на влезот добиваше ранче со маичка, bookmarker и примерок од детската илустрирана книга “Книгата што никогаш не беше иста” со што дечињата ќе бидат инспирирани не само за читање туку и за творење. За забавата беа задолжени 5+ Фамилија (омилени на најмaлите), балетската претстава на МОБ “ЛА, ЛА, ЛA..”, Танчерското студио Break a leg прописно не размрдаа и за крај имавме DJ.
А да, ќе заборавев – среќа на лотаријата на #МудростиРадости донесе GP кој на сцена ги извлекуваше среќните добитници а богами и многу други усреќи со тоа што им дозволи да се сликаат со него.

Значи, забава имаше за сите возрасти: Пинг понг маса, Тркало на среќата, art & craft корнери, добро познатите игри “Брза географија” и “Бесилка”.. Ви викам дека сме ТОП!

Еве и јас бев таму, рамо до рамо со моите колеги од Банка волонтиравме и им помагавме на посетителите, на децата, на родителите да си поминат креативно, забавно и пријатно. Нема да кријам добив мнооогу добри идеи за моите идни ракотворби од децата со кои работев 🙂
Една од најубавите работи за мене кај овие наши настани (#ВозиПравоВозиЗдраво, #СонувамеМенуваме и сега #МудростиРадости) е тоа што имам прилика да се дружам со колегите, да правам нешто несекојдневно, корисно за општеството и да им помогнам на посетителите да уживаат и да си поминат безгрижно и весело. Па нема нешто послатко од детенце кое ти го кажува најмилозвучното „благодарам“ и си заминува со огромна насмевка.
Па така за крај, иако веќе школската година е почната, на сите ученици и родители, им посакувам возбудлива и интересна година, исполнета со позитивни предизвици. Се надевам дека кога вака како мене ќе „пораснат“ ќе се потсетуваат на школските денови како пријатно и опуштено време кога можеше да се игра, да се учи, да се пее, да се заљубува и да се шета и да се….оооок, ај да не западнам во депресија сега 😀

Сликите од настанот може да ги видите на овој линк – а имаме и cool видео.
П.С. не заборавајте да не следите на ФБ за да бидете во тек за следниот наш настан 🙂
Дочитување 🙂
Симона
Збор, два, три
Насмеан креативец, фриленсер и fashion addict.
Последни постови од Симона (види ги сите)
- Нашиот тим постојано расте. Сакаш да ни се придружиш? #СТБТим - 20/03/2018
- Рекламирање на Super Bowl 2018 - 06/02/2018
- Купувам на интернет и тоа на попуст! - 14/11/2017
Напиши коментар
Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ
Напишете коментар
Мора да се пријавите за да испратите коментар.