Објавено на од во категоријата TOPSI, вработување, Едукација, Студирање.

2014_January_People_IsHeadhuntingTheRightRecruitmentMethodForYou_Image-1600x700_1

Здраво дечки, како сме? Се опуштивме за викенд, но работната недела е во полн ек, или што би рекла Rihanna – Just get ready for…Work, work, work, work, work, work.

Си размислував и викам ако не одевме на работа, со што ќе ни беше исполнет денот? Претпоставувам со гледање Netflix и дружење со најблиските 🙂 But… in the first place, потребна ни е работа од која ќе имаме одреден паричен надомест.

Како ви звучи работа во банка? Примамливо нели? 🙂

Знаеме дека банките се the thing во корпоративниот свет, за кој има мноооогу да се учи и да се осознава. Така е и кај нас, плус бонус инфо е дека моментално сме во потрага по нови колеги. Дали си економист, правник или IT инженер и сакаш да станеш #ТОПСИ член на една од најголемите банки во земјата? Ако да, ја очекуваме твојата апликација овде  🙂

Иво веќе ви даде некои tips & tricks за првото интервју, Симонка ви го раскажа своето искуство на интервју во Стопанска банка, па и Даниел даде свој осврт на темата, и сфатив дека јас не сум споделила мои искуства. Затоа денес ви пишувам малку повеќе за тоа дека соништата дефинитивно се остваруваат – секако доколку вредно работиш за истите.

download

Иако уште во факултетските денови заработував како еден вид фриленсер, она што ми беше потребно беше вистинска работа, да се соочам со real life problems и да видам каков е светот на возрасните.

И да знаете, воопшто не е како на филм – уште повозбудливо е 🙂

Како и на повеќето мои тазе дипломирани врсници, CV-то ми беше пополнето со стандардните податоци за образование, пракси, обуки и сертификати, но она што ми фалеше беше работното искуство. Пред околу две ипол години решив мојот кариерен пат да го започнам со апликации за подолга практична работа (од стандардната на факултет) со цел да соберам што повеќе искуство, да го изградам CV-то и да бидам конкурентна на пазарот на трудот. Имав 4 едномесечни пракси на различни места, стекнав пријателства, знаења и генерален sense за атмосферата на работа и во мала, но и во голема компанија.

Како дипломиран економист, претпоставувате дека банка беше top of mind! Па не чекав многу, по дипломирањето аплицирав на следнaта e-mail адреса: human.resources@stb.com.mk и целосно неочекувано по само неколку дена добив телефонски повик да дојдам на интервју. Па подготовки, па стрес, па како да се претставам, па како да се облечам, за на крај да ме пречекаат моите awesome колешки од HR со кои разговаравме на најразлични теми и за тоа каде јас ќе го поминувам моето ‘работно време’ во следните неколку месеци. И да дечки, интервјуто во СБ не боли 🙂

Long story short, по праксата и позитивната евалуација од моите претпоставени, guess what?!?

Ми беше овозможено вработување согласно потребите во Банката и станав член на HR семејството. Покрај работниот ангажман во Секторот за кадри, затоа што сум човек кој сака да биде дел од тимот и да придонесува, волонтирам на сите наши супер-кул општествено одговорни настани заедно со другите колеги волонтери 🙂
Секако не чекав многу и веднаш станав дел од вас –  #ТОПСИ генерацијата.

19598865_1383336988370876_9217132437593843496_n

Па така, со гордост можам да кажам дека сум успешен пример за тоа дека преку извршување пракса и надградување на личните вештини, разбирање на разновидното банкарско работење – може полесно да дојдете до вработување. Секој нов почеток велат дека е тежок, но јас тврдам дека е предизвик. Работата е динамична, интерактивна, исполнува и содржи на пример комуникација со клиенти (во некоја од нашите филијали или Контакт центар), развој на производи во банкарство на мало (retail banking), корпоративно работење со големи клиенти, сметководство, правен сектор, IT развој и одржување, проценка и мнооогу други професии. Затоа, ве охрабрувам, аплицирајте и се надевам дека ќе бидеме следните кои ќе придонесат за уште поуспешни банкарЦки работи 🙂

 

Мојот лајтмотив?

opportunities

Колеги, се гледаме, така?

Со среќа 🙂

Симона

Симона

Дирекција за административни работи од областа на човечки ресурси

Збор, два, три
Насмеан креативец, фриленсер и fashion addict.
Симона

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар