Објавено на од во категоријата Без категорија.

how-to-write-a-letter-of-explanation-to-the-irs-with-samples

Дечки, ај здраво и од мене, вака пост-празнично. Прославивме, се одморивме, или се изморивме, кој како… 🙂

Пред неколку месеци решивме да пишуваме блог со колегите, ама бидејќи тоа беше нешто ново за нас, нормално, моравме да научиме неколку работи.Нашата ТОПСИ генерација, е доста критична и прецизна, па така, задачата да направиме добар блог не беше едноставна. До сега, со пишување, но и со препораки од интернет и од врсници кои веќе пишуваат, научивме неколку работи кои ќе пробам да ви ги пренесам во овој блог. А и да направиме пауза од банкарски муабети нели…

 

НЕКОЛКУ НАСОКИ ЗА БЛОГ

Прва и основна работа, ако се решите да пишувате блог, е дека треба да одредите фокус. Треба да одредите на која публика ќе се фокусирате, па потоа и на која тема ќе пишувате за истата. Бидејќи ТОПСИ е банкарска платформа за млади, решивме дека ќе започнеме со неколку едукативни блогови околу банкарските услуги и прозводи кои вие (ние) ги користиме речиси секојдневно. Секако, треба да внимавате да не и станете досадни на публиката, па затоа, од време на време, може и да се прошири фокусот на блогот, но сепак нешто што ќе биде интересно за веќе одбраната публика.

Она што блоговите и блогерите ги прави различни од традиционалните “новинарски” текстви е фактот дека блогот треба да има сопствен “глас” кој ќе биде соодветен на гласот на оној кој го пишува, но и на гласот кој одговара на публиката која е фокусот. Тоа е втората работа која го прави вашиот блог добар, каде читателите ќе ги привлечете со содржината која ви е во фокусот, а гласот е она што ќе му даде чувство на личен контакт и ќе го задржи интересот на публиката.

Во блоговите често се спомнуваат настани, производи, па и други луѓе. Затоа, битно е и да поставите линкови до истите, за публиката да може да најде дополнителни информации и да знае за што поточно пишувате. И не треба да се плашите, линковите нема да ви предизвикаат “одлив” на читатели, туку само ќе се зголеми нивната перцепција за тоа дека вашит блог е корисен, информативен, и ќе ги привлече да дојдат повтнорно. Затоа и често ставаме линкови од онлајн зделки или од зделки на http://www.topsi.mk/popusti-i-zdelki/ , како и рецепти или пак совети за безбедно купување на интернет со 3D Secure картички https://goo.gl/HNMEpk .

Покрај линковите, во вашиот блог треба да вметнете и по некоја слика или видео. Текстовите со слики/видеа се лесни и интересни за читање, а самата слика или видео може да помогне и околу доловување на поентата на она што го пишувате. Нормално, треба да се потрудите сликата или видеото да бидат во контекст на она што го пишувате, а не како оваа…

travolta

 

Следно на што треба да внимавате е секогаш навремено да одговарате на коментарите на блогот. Ова не значи дека треба да се одоговори на сите коментари, или да се влегува во некаква вжештена дискусија, но сепак треба да се одговори на она што е директно прашање поврзано со темата, или пак по некое благодарам за пофалбите.

Овие кратки насоки треба да ви бидат еден мал водич пред да го напишете вашиот прв блог. Потоа, многу е битно да допрете до посакуваната публика. А секако, најдобро место за тоа се социјалните медиуми. Колку и да се трудите, а ви помагаат и пријателите, сепак најдобар ефект се постигнува со спонзорирани објави на FB, каде и прецизно можете да ги таргетирате оние кои имаат интереси поврзани со темата, односно фокусот, на вашиот блог. Но не ги заборавајте и останатите социјални медиуми, сепак ако и се допаднете на twitter заедницата, вашите постови можат да станат и вирални.

ШТО ДА ИЗБЕГНУВАТЕ КОГА ПИШУВАТЕ БЛОГ?!

Избегнувајте да поставувате нереални цели за вашиот блог. Пред почетокот на пишувањето треба да си поставите реални, достижни, и мерливи параметри околу успешноста на блогот.  Немојте да очекувате дека вашиот блог ќе биде инстант хит, револуција, чудо…

Исто така, не си давајте нереални цели околу тоа колку постови треба да напишете во одреден временски период. Секогаш има теми кои привлекуваат поголема или помала публика, па затоа не се разочарувајте веднаш. Можеби сте одбрале и по тесен фокус, па е потребно време таргетираната публика да дознае за вашето пишување. Пишувајте кога имате инспирација, бидејќи публиката го препознава тоа. Сепак, треба да знаете колку посети има блогот и потрудете се да ги зголемите. Блогот не го пишувате само за вас, нели…

Избегнувајте премногу големи блогови! Сепак, не е лесно интересот на пибликата да се задржи многу долго, па затоа бидете прецизни, кратки и јасни. Избегнувајте и премногу долги параграфи, ќе го изгубите и вашиот а и фокусот на публиката. Треба да се користат кратки параграфи, листи, набројувања, кога и да можете. Ако се вратам на моите блогови, изгледа и јас треба да поработам на оваа тема. 🙂

Не правете граматички и печатни грешки. Ова звучи лесно, но и не е баш едноставно. Препораката е да го дадете на некој да го прочита пред да го објавите, бидејќи многу тешко самите ќе си ги забележите грешките. Јас обично и ги праќам моите блогови на Симона, не и бега НИШТО! А јас пак не сум нешто по пишувањето, повеќе за бројки и табели, така што проверка ми е и повеќе од добредојдена…

Не бидете негативни. Освен нели, ако токму темата на блогот не е тоа. Критика да, рецензија, коментар, но сепак без хејтање please. И така имаме многу такви по Facebook и Twitter…

Не губете фокус! Кога ќе тргне пишувањето лесно е да избегате од фокусот и темата кои сте ги задале. Иако понекогаш може да излезе и интересна приказна, како и идеи за повеќе блогови. Но затоа, не се плашете да промените и додадете нешто во блогот, како инфографици или пак лични приказни/ситуации. Сепак, како што веќе спомнав, вашиот глас е она што да долг рок ќе ги задржи читателите, па можеби ќе имате и некаква група на фанови 🙂

А сега, ве чекаме со коментари, идеи, како и линкови до некој ваш блог или текст, секако дека и ние сакаме да учиме од вас!

 

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Trackbacks/Pingbacks

  1.  TOП 5 македонски блогови | TOPSI

Напишете коментар