Објавено на од во категоријата e-commerce, shopping, Картички.

EmploymentIdentitySecurityTheft-1024x481

Немојте да бидете дел од оваа мамка затоа што е типичен пример на phishing! Некој лови риба некој податоци ама не било кои туку Вашите лични податоци и сите оние пропратни што многу ви значат или ве определуваат, како што се e-mail адреса, име, лозинка, број на картичката…

Начинот е многу едноставен

Добиваш електронска пошта од праќач кој ти е толку познат што не приметуваш дека е лажен! Ииии кај е кваката де! Одеднаш ти праќа линк преку кој те носи до друга информација и итно  итно бара нешто од тебе да внесеш или потврдиш, текстот или вордингот нешто е сменет и малку ти станува чуден, адресата на праќачот има различна екстензија иако имете е точно… Баш тука застани ништо не прави освен проверка директна со праќачот (јави му се и прашај го Ти ми прати…?)

На Facebook ти се појавува спонзорирана објава од супер бренд со добра, да не кажам невозможна понуда од 80% попуст и тебе нормално прво очите петбанки а потоа следи прва лига и рачето (прстето) е побрзо од разумот. Прво отвори ја страната преку пребарувач, не директно од објавата и види има ли катанче (https://), дали се потрудиле да обебзедат сигурен пристап.

Ако го нема ништо од бизнисот, тука напушташ и продолжуваш понатаму во пребарување или разгледување на примарниот site.

1

 

Не ги споделувај личните податоци а најмалку бројот на картичка на места што не се безбедни! Ако некој ја собрал информацијата не значи дека веднаш ќе ја употреби и тие се умни, ќе начекаат вистински момент да ги злоупотребат или испразнат твоите сметки.

Можеш да го видиш и ова

http://www.topsi.mk/blog/online-shopping-frenzy/

 

П.С  АКО веќе си се “зезнал” и си споделил број на картичка јави се кај банката веднаш да ја блокира и да ти изработи нова.

 

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар