Објавено на од во категоријата вработување.

Тагови:

1231

Здраво дечки! Сите убаво се одмoривме/заморивме после празникот. За тие што останаа дома сигурно четирите дена беа повеќе од доволни да се прашаме што да правиме со времето. Кога го имаш не иде, кога го немаш лета. Ех ! Сакав да Ви дадам предлог за тие што имаат вишок време, некако убаво да го искористат. Дури нема лошо да им дојде ни на оние што го немаат, само нека направат некоја рокада на приоритети и оп слободно време да се заврши некој курс.

Добро, човек секогаш треба да има мотивација и решителност да ги истера работите до крај. Затоа онлајн работите каде не треба физички да присуствуваш на некое предавање (каде професорката ќе те искара што не си бил претходниот пат) се полесни за откажување. Извршувањето работите по сопствена иницијатива е нешто за пофалба и за кое треба да си се наградите. Друга работа е тоа што овие курсеви се специјализирани за повеќе области и кои се лесно достапен начин да бидете дел од најпрестижните светски универзитети вклучувајќи ги Оксфорд, Харвард, МИТ, Стенфорд, Сорбона, Пекинг, Калтек, и други едукативни институции. Се водат по принципот на масовни отворени курсеви кои вклучуваат снимени видео лекции, само-оценувачки и рецензирани задачи, како и форуми на заедницата. Со завршен курс се стекнува онлајн сертификат.

онлајн курс

За поупорните постои друг дел на обуки, специјализација, односно напреден дел сочинет од ригорозни курсеви, проекти базирани на реални бизнис предизвици, за кој добивате сертификат за завршена специјализирана обука која може да Ви биде од корист за работните апликации и за споделување со Вашата професионална мрежа.

Најнапредната програма нуди и универзитетско признаени дипломи кои се вистински начин за преобразба на Вашата кариера.

Како препорака можам да Ви кажам дека добро е секогаш да имате некој со кој заедно ќе поминувате низ курсот, некој кој ќе Ве присетува дека денес имате домашно или пак следно видео предавање.

На овие два линка имате пристап на различни категории на курсеви:

 http://www.openculture.com/freeonlinecourses

https://www.coursera.org/browse.

Секогаш учете, и гледајте да специјализирате во дадена област. И ако некогаш тоа се онлајн курсевите, зошто да не?

Till the next time.

Мјау 🙂

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар