Објавено на од во категоријата crowdfunding, e-banking, i-Bank, TOPSI, Едукација, Картички, Општествена одговорност.

be-kind-to-human-kind

Ако некогаш нешто ме правело посебно среќна и засилен оптимист за иднината на нашиов мал а сепак голем свет, тоа е кога ќе видам дека денешната технологија овозможува, поттикнува и пред се инспирира да се прават добри работи заедно.

 

Здраво дечки,

 

Во овој период полн за мене со мешани емоции и несекојдневни доживувања, инспирација за блог пост најдов од бројните online платформи кои се достапни денес.

Можеме да се жалиме дека технологијата не оддалечи, дека не направи паразити или дека сме го намалиле индивидуалниот капацитет меѓутоа let’s be honest…тоа му доаѓа како форматирање на диск. Си ослободуваш место за нови информации во главата, бидејќи сме растеретени од помнење на небулозните податоци кои сме ги учеле од деца. Секоја информација ни е достапна за секудна а со тоа се подобрува ефикасноста во донесување на одлуки (секако, ако се знае да се исфилтрира и junk-от кој се пласира на веб).

 

 

Ако одлучиме да гледаме позитивно, денешната технологија ни нуди:

  • Споделување на генијални напредни идеи како на пример преку TED Talks – подобрување на општеството и потенцијалот на секој од нас
  • Брза размена на податоци – We transfer – побрзи решенија, побрзи одлуки, побрзи сознанија
  • Глобално поврзување на таленти – LinkedIn – развој на кариера, колаборации, откривање нови професии и можности за преквалификација
  • Open source платформи кои колективно се подобруваат – само мултимилјардерските компании остануваат затворени затоа што имаат неограничени финансии меѓутоа и тоа не им е доволно, open source си гази на секое поле
  • Да не зборуваме за потенцијалот на block chain – whooo hooo колку има тука за зборување (Симона во еден наврат пишуваше на темата)
  • Можноста за управување со личните и бизнис финансиите – достапни од сите банки ширум светот (вклучително и мојата Стопанска :)) – дури и банкарските системи стануваат флексибилни и се поотворени затоа што пазарот го бара тоа, клиентите сакаат брзи, лесни и достапни решенија.
  • CrowdFunding платформите со кои се обезбедуваат средства за истражувања, за развој на нови производи и услуги, поттик за социјални претприемништва и сл. Со ова и се занимавам во слободно време и веќе сум ви пишувала на темата
  • Online трговија и размена – која целосно го трансформира пазарот и денес имаме многу индивидуи или групи, особено од #ТОПСИ генерацијата, кои ја користат глобализацијата од својот дом со своите вештини да соработуваат со целиот свет и да заработуваат далеку повеќе од тоа што нашиот мал пазар го нуди
  • ….

 

Верувам дека листата ќе можете да ја дополните и вие. Не, навистина…што ве инспирира вас најмногу од можностите на современата технологија? Бидете #ТОПСИ пишете ми 🙂 сакам да знам.

Некогаш доволно е да изгледам 1 TED Talk или да прочитам некој инспиративен текст на блог, на online магазини како Wired или да прегледам некој уметник на BeHance и расположението да ми се подобри и да добијам елан 🙂 да сакам да бидам повеќе и да придонесам повеќе за мене, за моето окружување и за светот.

 

p.s.

Инаку, да бидам искрена, пишувам на темата погодена најмногу од брзата и голема реакција која ја достигна повикот за донации за мојата (нашата) Цаци. Настани за собирање на донации продолжуваат да се организираат и секако можете да очекувате дека ќе ги споделувам и понатаму. Цаци има уште неколку битки пред себе, но не има и нас во првите борбени редови!

Благодарам на сите кои одвојувате време, пари и поддршка за Цаци. Ние, нејзините најблиски, ќе продолжиме да правиме се што можеме да помогнеме да се постигне износот кој е потребен и Цаци да го добие третманот со кој ќе ни се врати во полн сјај.

Како наша колешка и #ТОПСИ блогер, и го посветуваме овој блог пост нејзе. Таа енергија и ведрина ни биле отсекогаш инспирација и ова е најмалку што можеме да направиме.

Благодарност и до Стопанска банка која е секогаш тука за своите вработени а огромна благодарност и до колегите кои помагаат не само со финансии туку и со идеи и потези кои помагаат да се оствари целта. #ТОПСИ сте ми сите!

 

Повеќе информации за донациите ќе најдете подолу:

 

Сметка: 200003381608851 Стопанска банка АД – Скопје

Податоци за донации од странство:
IBAN: MK07200003381613507 USD 
MK07200003381611470 EUR
SWIFT Code, BIC Code: STOBMK2X

 

GoFundMe платформа за донации од целиот свет со платежни картички

 

Телефони за донации (100ден од повик)

 

  • TELEKOM: 143 107
  • VIP: 143 483

 

Се читаме! Over and out!

Мјау

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар