Објавено на од во категоријата e-commerce, shopping.

Тагови:

deprives-you-of-tangibility

 

Здраво екипо, по втор пат 🙂

Јас пак ќе продолжам да си пишувам за картичките, омилени ми се. Ама овој пат ќе позбориме малку за купувањето на интернет и како тоа да го правиме целосно безбедно.

Сите сакаме да купиме нешто, ама по можност да не потрошиме многу нели? Епа добри зделки често можат да се најдат во продавници и трговски центри, да улета некој сезонски попуст, или некоја поволност од  топси.мк, ама и многу почесто на интернет. На пример, добра зделка на booking.com, AirBnB или авионска карта од WizzAir. Онлајн има многууу добри попусти, а особено во ноември, како што веќе ви кажа Даниел во неговиот блог. Веќе помина 11/11 или Singles Day, кој е Shopping Frenzy на Aliexpress, и јас се згазив од купување разноразни ситници, од кои повеќето и не ми требаат, ама дека евтино де, па ке се најде :)… Блогот на Данчо (се лути коа го викам вака) и купувањето на 11/11 ме инспирираа да истражам малку повеќе околу овој ’феномен’. За време на ова лудило во 2015 година, за само 24 часа, направен е промет од 14,3 милијарда долари, што значи пораст од 60% споредено со 2014 година. А првата милијарда е направена за само 8 минути! И 5 милијарди во првиот саат ипол. Тоа е повеќе од целиот Cyber Monday во 2015 година. А оваа година нов рекорд, 17.8 милијарди долари во текот на 24 часа.

1111

“ОК, ОК банкарче, доста замараш со бројкиве, врати се на темата.”

Сакам да пишувам како безбедно да уживате во придобивките од купувањето на интернет.

Ваквиот огромен износ на промет, направен толку брзо е можен само ако е исполнет еден основен предуслов, а тоа е безбедноста на купувањето онлајн со картички кај сигурни трговци. Ова е одличен индикатор дека корисниците на картички имаат доверба во интернет купувањето. Секако, и тука треба да знаете неколку работи за да се заштитите. Интернет трговецот, односно продавачот, во ниту еден момент нема увид во податоците од вашите картички, и тоа е согласно светските стандарди за e-commerce. Секогаш очекувајте сериозен трговец да ви побара да се регистрирате, а и да ви прати е-мејл за конфирмација на податоците и адресата. По секоја нарачка најчесто повторно следува е-мејл, заедно со податоците од нарачката, како потврда за успешно плаќање. Кога сме веќе кај промотивните e-mail пораки, такви добиваме стварно многу. Промовираат одредени продукти и имаат линкови во самите пораки кои ве носат директно на страната. Кога ќе добиете нешто што ви фаќа око, подобро е да отидете самите на веб страната, отколку да притискате на линковите. Ретко, но се случува, промотивниот e-mail да не е пратен од интернет продавницата, туку од некој што сака така да помислите, и со тоа да ги добие вашите податоци, како и оние од картичката. Овие fake страни се речиси како клонови на вистинската, па не е лошо да се обрне внимание на изгледот на самата страна и информациите за истата.

Пред да нарачате нешто, ако се работи за страна со која немате искуство, google it! На разни форуми можете да најдете корисни информации за квалитетот на производите и услугите, како и дали е безбедна страната. Прочитајте  ги и условите за испорака и откажување, контакт информации и e-mail кој соодветен на брендот и страната е не е од некој бесплатен сервис како yahoo.com или gmail.com и дали е истакната и физичка адреса. Пожелно е да проверите дека веб страната е безбедна (https), да има катанче некаде на пребарувачот кога се логирате или сте на делот за плаќање, како и останати безбедносни сертификати како SSL сертификат уште пред да платите на интернет. Вакви сертификати има многу, но сериозните продавачи на интернет знаат дека овие, како и други информации, се важни и значајни за голем дел на купувачи, па затоа сами ни ги „сервираат”, без да се трудиме да ги бараме низ веб страната.

Во последно време на Facebook се појавуваат некои спонзорирани објави од интернет продавници кои продаваат производи од познати брендови по многу ниски цени. Дечки, да знаете, ако звучи премногу добро за да е вистинито, тогаш најверојато и не е вистинито. Тешко е да се одолее на попуст од 80 дури и 90 проценти нели? Сепак, избегнувајте ги, особено ако не сте купувале и предходно од истата страна и не знаете некој што купил и добил се како што треба. Овие страни најчесто не продаваат оргинални производи или пак воопшто нема да го испратат тоа што е нарачано. Кога е нешто сомнително, а веќе сте направиле трансакција јавете се во банка и побарајте да ви ја блокираат картичката.

Податоците од картичката си ги знаете само вие, и не ги давајте никому, никогаш. Тоа е исто како да му дадете на некого пристап до вашите пари, односно сметки во банка. Легитимен трговец никогаш нема да ви побара скенирана или копија од картичката, а банката никогаш нема да ви побара да го кажете целиот број на картичкта, ПИН-от, или пак безбедносниот број од задната страна.

Купувањето на интернет е уште побезбедно доколку вашата картичка има 3D Secure сертификат, и да не се фалам, ама Стопанска банка е прва и засега единствена банка која издава вакви картички. Ова е навистина висок стандард на безбедност, кој го препорачуваат најголемите брендови за картички во светот, и е комплексен и софистициран. Секое ваше купување на интернет се анализра и се рангира по степенот на ризик. Па така, овој систем одлучува дали треба дополнителна потврда, а доколку треба, ви праќа СМС со 6 цифрена лозинка со која верификувате дека вие го правите купувањето. Ваква порака нема да добиете за секоја трансакција, ама секако, треба да си го ажурирате мобилниот број во банка за успешно да купувате.

3d_secure_slika_za_web

11/11 помина, но следуваат Black Friday 25/11/2016 како и понеделникот потоа, Cyber Monday на 28/11/2016. Сега знаете се што е потребно за безбедно да си купувате.

 

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар