Објавено на од во категоријата TOPSI, Патувања.

Тагови:

guest blogger

Гостин ТОПСИ блогер овојпат ни е Јонатана Митрова, ТОПСИ пријателка која од неодамна работи во Кроација осигурување / неживот. Јонатана сака да патува повеќе од се, па оттука и вработувањето како и идејата за текстот што следува.

 

 

Здраво дечки, мора да признаам дека ова е прв мој блог пост, но topsi.mk и објавите тука скроз ме инспирираа да споделам едно мое искуство со вас.

Тоа што е најТОПСИ со нашата возраст е патувања, истражувањата и безгрижноста (до некаде) која ја носиме на тие патувања. Се бараат најдобрите зделки, се користат last minute понудите, се собираат совети и препораки од пријатели и некогаш се оди на слепо.

Нема веќе толку разгледници сега, секоја слика претена на viber/mail е сама по себе разгледница а selfie со добро зајдисонце или не баш добро јавање камила е магнет за лајкови на Insta 🙂

Сум уживала во еден куп патувања, ама морам да признаам дека биле најчесто организирани од моите, од школо, од факултет па кога првпат сама организирав патување сфатив дека има една гооолема чек листа што треба да ја поминам:

  • Класичните: пасош, виза, билет, превоз, сместување
  • Не толку промислените ама добро е што ме потсетија да ги имам: платежна картичка наместо само готовина, find my phone апликација, резервен мал багаж за оние 2-3 дена изгубени багажи ситуации…
  • И никогаш не би се сетила: патничко осигурување

 

 

И да знам, ќе речете како не ти текна на патничко осигурување при толку реклами и толку случаи на решени проблеми при патување? Е па, знаете што? Среќа што ми кажаа дека МОРА да си купам патничко (џабе е а ми спаси “глава„)

И така, одам и јас со друштво на скијање годинава…така? Сите знаат, а јас ќе учам… Патот помина супер, апартманчето топ, планината екстра, јас на скии селфито изгледам врв…ама не сум знаела дека е мааалку тешко да научиш и…long story short, покрај неколкуте модрици и набиеници успеав третиот ден да ја скршам десната рака 🙁 🙂

Не сум голем паничар, па болка за болка, брзо реагирав на лице место, со дечките од екипата што ми помогнаа, поминав горе-долу ОК.
Се сетив во целиот процес, да се јавам на работа да соопштам за незгодата, па колегите по неколку минути повторно ме контактира да ме потсетат дека имам и осигурување од незгода преку работа 24 часа во Р.Македонија и во странство. И секако, благодарение на паметните совети и совесноста на компанијата, сите трошоци за скршеницата ми беа подмирени по моето враќање, а секако ми беа исплатени и дополнителни парични средства за скршеницата.

 

Така да друштво, take it from me, осигурајте си се пред секое патување а дознајте и дали имате колективно осигурување незгода на работа. А на крајот на денот, секако пазете се и не мислете толку на селфиња колку на безбедноста 🙂

 

Еве што дознав откако ми затреба осигурувањето од незгода:

  • Ми важи во нашата земја и во странство 24 часа, независно дали сум се осигурала сама или организирано преку работа
  • Покрај инвалидност, оваа полиса покрива трошоци за болничко лекување, дневен надомест доколку престојувате во болница и други помрачни сценарија…I won’t go there right now 🙂
  • Цената на осигрувањето е 100,00 месечно (доаѓа поевтино и од кафе :)) и можам да го купам од која било филијала на Стопанска банка
  • Имате сигурност и поддршка од каде и да сте

 

Еве и неколку корисни линкови на темата ако сакате и самите да се уверите:

Кроација осигурување / неживот

Стопанска банка АД – Скопје

 

Се надевам дека повторно ќе се читаме (само без нови телесни повреди) 🙂

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар