Објавено на од во категоријата shopping.

shopping_image_lg12

Друштво, добро ве најдов!

 

Со оглед на тоа што моментално во полн ек е сезоната на по новогодишните попусти коишто со нетрпение ги очекувавме цел месец, одлучив мојот премиерен блог пост да биде во име на паметните зделки.

Не секој може да си дозволи нешто што му се допаѓа во моментот кога истото ќе се појави на пазарот. Затоа, речиси и да нема човек што не се радува на попусти. И со право!

Во неколку наврати моите колеги-блогери пишуваа на оваа тема, но јас мислам дека вреди да ве потсетам.

Е сега, замислете во истите оние продавници во кои купувате секојдневно, да добивате попусти со секое набавено добро од понудениот асортиман и тоа секој ден!

Мене ова ми мириса на остварување на многу соништа!

 

12

 

Стопанска банка АД Скопје, сакајќи да им излезе во пресрет на оние свои клиенти, кои имаат неотповикливи потреби за шопинг (како мене), нуди можност за ТОПСИ клиентите секогаш да купуваат со ПОПУСТ во продавниците со коишто соработува (9 дејности, 12 градови низ државава) само со покажување или користење на ТОПСИ MasterCard дебитната картичка.

Сè што треба да направите е да си аплицирате онлајн или во некоја од нашите филијали и добивате: БЕСПЛАТНО отварање на денарска сметка, free пристап до i-bank услугите, бесплатна ТОПСИ MasterCard дебитна картичка и со тоа станувате член на нашата ТОПСИ екипа! А во i-bank store можете да си земете и кул TOPSI стикерчиња како овие да ве потсетуваат дека сте си ТОПСИ и да си ги барате ТОПСИ ознаките во дуќаните кај што најчесто пазарите.

square-img

 

На крај не заборавајте, проверувајте од време на време на линкот ПОПУСТИ И ЗДЕЛКИ и уживајте во шопингот. Изгледа ни се посреќи! Во кое било време со ТОПСИ имаме попусти. 🙂

 

И…само што си реков дека за денес е доста со купување, раскажувајќи ви, ми текна дека изумив да проверам што има ново во Еликсир…и Пеко…и B-watch, а мислам дека ќе наминам и до Дион, колешката ми должи частење за покачувањето 😀

До читање!

Natasa Nedanovska

Дирекција за плати и интерна благајна;
- И во сто животи, повторно би избрала да бидам економист;
- Вечен ентузијаст.

Последни постови од Natasa Nedanovska (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар