Објавено на од во категоријата e-commerce, Едукација, Картички, Социјални медиуми.

1200x628

Не знам колку се сеќавате, но среќните учесници во CyberMonday 2018 предизвикот од Стопанска банка потрошија за 10мин над 100.000денари на македонски online продавници.

И стварно беше супер и за нас а верувам и за нив 🙂

 

Затоа, на НАШЕ барање и инсистирање ќе мора да не трпите за уште еден Cyber Monday предизвик.

Значи… и овојпат, бараме 30 доброволци кои ќе се „жртвуваат“ со тоа што за 10мин ќе треба да потрошат 5000мкд кои ние ќе ги обезбедиме на платежна картичка за таа намена.

Локацијата е секако, нашата i-bank store филијала а денот е Cyber Monday 2019, 2ри декември. За да се пријавите одете надооооолу на овој пост и најдете го формуларот. Пополнете го до 28.11 четврток за да ние веќе во петок 29.11 ги објавиме среќните учесници кои по случаен избор ќе бидат избрани од сите оние кои ќе се пријават.

 

И да не биде дека со овој ТОПСИ блог само ве покануваме на Cyber Monday ќе ве потсетам на некои основни начела на електронската трговија a.k.a. e-commerce.

 

  1.  Електронска трговија е купување на услуги и производи преку интернет – plain and simple
  2.  E-commerce слави годинава 40 години од појавувањето. Па така, CompuServe е првата продавница од овој вид која користела dial-up конекција. Следна е Boston Computer Exchange првата светска дигитална продавница, основана 1982 и нејзината идеја била да основа пазар за продажба на стари компјутери.
  3.  Amazon и eBay се основани дури 1995та и тоа примарно за купопродажба на книги… and the rest is history.

Пазарот како да чекаше ваков boost и веќе од 90тите развојот е на стероиди и сеуште трае, секоја година има по нешто ново – дали во смисла на реализација на трансакција или во понудата на тоа што се продава или начинот на кој се заштитуваат двете страни во равенството. Дури и профилот на вработени се менува во полза на online vs. retail, се менува бизнис моделот на компаниите па од B2B лесно се преминува и во B2С, се менува односот и на потрошувачите, нивните потреби еволуираат а на тоа постојано мора да се прилагодуваат и компаниите. Се на се, забавно 🙂

Развојот и влијанието на e-commerce-от се незапирливи, па дури храбро би го дефинирал како првата вистинска алатка која го поврза целиот свет. И така сега онлајн може да купиш што ти душа сака и од каде било во светот.

 

 

Ете така, драги мои ТОПСИ читатели, нема зошто повеќе да ве убедувам, повелете пополнете го нашиот формулар (подолу) најдоцна до 28.11 до полноќ и очекувајте прогласување на среќните учесници на 29.11. во 12 часот на нашата веб страница, на нашиот FB профил и секако директно преку e-mail-от на учесниците оставен во формуларот.

 

ЗНАЧАЈНА НАПОМЕНА Ве молиме, планирајте на 02.12 (понеделник) да можете да бидете присутни во i-bank store од 15 до 18 часот за да ја спроведеме акцијата. Друг ден за реализација нема да биде возможен. Да не биде не сме кажале 🙂 еден ден е cyber monday нема опција да го префрлиме во вторник :)))

 

Бидете така!
Ваш, Даниел

 

 

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар