Објавено на од во категоријата вработување, Стипендии.

interview-request

Екипа, здраво пак 🙂 Како е? Некои од вас веќе се спремаат и за лето, одмори, летна работа, work and travel? Веќе пишувавме за многу корисни работи, на пример патувања и како картичките ќе ви го олеснат тоа, како да заштедите (топси зделки, remember?), вработување…

Размисливте за вашите способности, вештини, за она што се го научиле како дел од вашето официјално образование, искуствата надвор од образованието? Епа супер! Откако смисливте што и како сакате да и представите на компанијата во која сакате да работите, си направивте супер CV, време е да се спремиме за прво интервју. Симона ви кажа какво било искуството во Стопанска, а јас ќе пишувам малку за тоа кои се најчестите грешки кои се прават и како да се помине ТОП на интервју.

original

Интервју за работа е може да биде стресно. Односно стресно е, секогаш, без разлика дали тоа ќе си го признаеме или не. Покрај тоа што треба да се биде свој, треба да бидете спремни, да знаете што ве очекува, што ќе ве прашаат, но и што да прашате.

Еве неколку работи кои (не) треба да ги направите на вашето прво интервју:

– Не изгледајте незаинтересирани! ОК, ова можеби и не треба да го спомнувам, сигурно сте заинтересирани штом веќе сте аплицирале за работа во таа фирма. Ама сепак, покажете го тоа со што нема да доцните, ќе изгледате пристојно а и ќе имате познавање за компанијата – барем она што е достапно на веб страната.

Interviews-for-retail-apprenticeships

– Не бидете неспремни! Освен основното познавање на компанијата, прочитајте (и запомнете) некои работи и за индустријата за која аплицирате и пазарот. Секако детално анализирајте го работното место за кое сте аплицирале, и како вашите познавања и вештини, и како ќе се вклопат во истото. Потсетете се на неколку стручни теми од вашето образование. Работите се забораваат брзо, па не е убаво да изгледате несигурно кога ќе ве прашаат нешто.  На едно од интервјуата на кои сум бил ми се случи токму тоа, па инпровизирав :(. Среќа добро поминав со другите прашања 🙂

– Не споделувате премногу! Ова важи и на вашето CV, како што пишував во минатиот пост. Ако имате работно искуство, истакнете ги оние работи кои се битни за новото работно место што го сакате, но не и како сте се скарале со шефот, колку и да сте во право. Сепак, целосно и точно одговорете на прашањата, без при тоа да раскажувате долги приказни.

– Негативен говор на телото! Дечки, ова е многу битно! И тешко! Шансите се дека ќе имате трема и страв, па тоа може целосно да го расипе говорот на вашето тело, а тоа се приметува и игра голема улога во крајната одлука за вапето вработување (некогаш ни работодавецот не знае колкава улога има во нивната потсвест кога се носи одлуката). Не заборавајте на цврсто ракување, исправено држење на телото, гледање во очи и секако насмевка.

body-job-interview

-Поставување погрешни прашања или воопшто немање прашања! Прашањата се најбитниот дел од интервјуто. Работодавците ќе ви поставуваат многу прашања, но ќе ви дадат и шанса вие да поставите неколку. Оваа шанса треба да ја искористите, а со тоа да покажете дека сте заинтересирани. Поставувајте прашања околу тоа што се очекува од вас доколку ја добиете работата, прашања околу идните планови на компанијата, прашања што ќе ви овозможат да се пофалите со вашите вештини или искуства. Погрешни прашања пак, можат да го уништат целосниот вшечаток што сте го оставиле. Не скокајте веднаш на платата и денови за одмор, овие работи се разговараат по првото интервју. Ако немате прашања, ќе изгледате незаинтересирани, а тоа е и првата точка од оваа листа на работи кои не смеете да си ги дозволите на интервју за работа.

1f51958

Дечки, интервјуата се комплексни и стресни, но и шанса да се покажете пред потенцијалниот работодавец. Не заборавајте дека интервјуто и на вас ќе ви даде вредни информации околу тоа во каква компанија сте аплицирале и што да очекувате ако се вработите таму. Можеби и нема да ви се допадне тоа што ќе го видите од другата страна, условите, и она што се бара, па ќе одлучите да се обидете на друго место.

Ако ова ви беше корисно и интересно, stay tuned, слединиот пост ќе го посветиме на тоа што да очекувате да ве прашаат, а и што конкретно да прашате.

 

Иво

Дирекција за управување со картични производи

НА КРАТКО ЗА МЕНЕ?
Банкарот од твоето маало кој сака да пишува, објаснува и полемизира особено на тема картички, гаџети и искуства од патувања!

Последни постови од Иво (види ги сите)

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар