Објавено на од во категоријата TOPSI, Едукација, Студирање.

work-and-study

Здраво #ТОПСИ луѓенца, long time no see – но еве меee. Сигурно ви фалевме, но без грижи, се враќаме во полн состав со нашето редовно блогирање. Имаме и нов член блогер, се надевам дека и посакавте добредојде на Ива 🙂

 

Темата денес ми е како што гледате од насловот, тешкичка…ама одма да ви кажам, само така звучи 🙂

2

 

 

Уште од најрана возраст почнуваме со образовниот процес и тој трае и трае… Најпрво формално, основно-средно-факултет, потоа курсеви, јазици, обуки, спорт, пракси…до бескрај зошто човекот, нели, учи додека е жив (ако не се сеќавате на ова од читанките или сте стари или сте забушавале уште од прво одделение)! хехенце

Кога дипломирав, веднаш знаев дека сакам да продолжам со учење на постдипломски студии, но не знаев дали ќе биде баш веднаш, зошто од друга страна сакав и да поработам малку. Честитките кои ги добивaв беа од типот: “ајдееее честито, па сега работа да си најдеш“; “бидна дипломава – ајде работичка, нешто посериозно“; “ааа заврши факултет, најди си сега една работа па да те мажиме“ и сл. 🙂

Искрено, важно ми беше само да се определам за нешто што ќе ми биде интересно и поразлично од дотогашните насоки. Така и испадна, во периодот кога се запишав на постдипломски студии по маркетинг, истовремено започнав со барање на пракса/работа и преку праксата во Стопанска банка стигнав да работам и да напредувам во Секторот за кадри. Работата те комплетира како личност, посебно ако си ја сакаш и ти го исполнува денот конструктивно.

Кога веќе споменав како стигнав јас до работата и каде точно работам, да потсетам дека ПОСТОЈАНО имаме потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати и за пракса и за работа!
Не чекајте, аплицирајте тука, па да си станеме #ТОПСИ колеги 🙂

Знаете дека истражувањата покажуваат дека 8 од 10 студенти работат и учат истовремено?[1] Без разлика дали е тоа part-time или full time job, важно е дa најдете начин да ги хендлате двете работи и да знаете дека цел свет тоа го прави со крајна цел self-improvement и подобрување на својата пазарна цена/позиција за работа.

Кога ќе ме прашаат „што правиш ти Симона во животот?“, мојот одговор е отприлика следен: работам во банка, фриленсам, студирам постдипломски, тренирам PowerPlate најмалку 3 пати неделно и сум прва за дружење со пријатели и колеги. 🙂 Во превод, мултитаскинг на најјако. Најново е дека сакам да почнам со нов спортски ангажман, но уште не знам што. Знам дека звучи како mission impossible ама верувајте изводливо е. Да и јас понекогаш сакам денот да ми трае сто саати за да стигнам да завршам се на време, но со добра организација, постигнувам се. Еве неколку tips & tricks:

  • Планирање на денот/месецот – колку клише и да звучи, со добар time management се зголемува продуктивноста;
  • Правење to-do листа – мене лично ова најмногу ми помага за извршување на секојдневните обврски. Нема поголемо задоволство од тоа кога правиш check на секоја од нив;
  • Активности во ист дел од градот – зависи од обврските, но доколку можам секогаш ги организирам активностите не многу далеку едни од други. Избегнуваш гужви во сообраќај а заштедуваш и време;
  • Your peak 2 hours – без разлика дали сте morning person или night owl, откријте ги вашите најпродуктивни 2 саати во денот;
  • Запишување – олд скул во тефтер или ќе користите апликација како водилка, запишувајте. Мојот тефтер е исполнет со најразлични листи, контакти, стикери, шкртаници и без него не би можела да функционирам.
  • Избегнување на таканаречените time wasters колку што се може повеќе

 

Кога имаш постојана работа, времето во денот е доста ограничено, но и така предавањата на постдипломски студии се во петок афтерворк и сабота сабајлечки, така што немате гајле па не се откажувајте. Исто така, носете си по некоја скрипта секаде со вас, многу пати ми се случило да можам да го искористам времето додека патувам од/до дома за читкање.

Дечки се сѐ може, ако се сака 🙂 Се надевам дека текстов ќе ви се најде како мотивација да продолжите понатаму!

Кои се вашите искуства? Како се снаоѓате со ваквите time consuming предизвици секој ден? Ако некој сака да ни се приклучи на #TOPSI блогот нека ни пише на marketing@stb.com.mk сакаме да бидеме платформа преку која ќе се изразува нашата TOPSI генерација.

 

ЧАО!

 

[1] https://www.thecompleteuniversityguide.co.uk/preparing-to-go/student-jobs-working-part-time/

Симона

Симона

Дирекција за административни работи од областа на човечки ресурси

Збор, два, три
Насмеан креативец, фриленсер и fashion addict.
Симона

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар