Објавено на од во категоријата TOPSI, Едукација.

HOUSTON, TX - FEBRUARY 05:  Confetti falls after the New England Patriots defeated the Atlanta Falcons during Super Bowl 51 at NRG Stadium on February 5, 2017 in Houston, Texas. The Patriots defeated the Falcons 34-28.  (Photo by Ezra Shaw/Getty Images)

До следно читање!

По кратката (заслужена) пауза еве ме повторно, со најтазе #ТОПСИ тема. И тоа рекламирање. Добро, спорт и рекламирање. Пред некој ден налетав на рандом факт, кој помалку или повеќе го знаев од факултет, а тоа е дека дневно се сретнуваме со повеќе од 4.000 реклами. Со зборови: четири илјади. WOW!

Кога ќе подразмислиш, со самото будење веќе си искористил еден производ – телефон или часовник. Во бањата користиш повеќе од три производи што се на одредена марка. На пат до работа / факултет гледаш најразлични реклами, слушаш радио и додека да стигнеш до дестинацијата, веќе си бил сведок на половина од наведената бројка. Btw сигурна сум дека веќе знаете за брендираните најкул #ТОПСИ автобуси и автобуски станици, така? Бидејќи користам јавен превоз, емотивно сум врзана за таа на „Рекорд“ и секојдневно кога поминувам си правам self-five

Кога сме кај рекламите, во неделата се одржа настанот што сите спортски обожаватели со нетрпение го очекуваат – Супербол (Super Bowl). Празникот на американскиот фудбал. Благодарение на брат ми (thank you, Даре) и престојот во САД пред неколку години, научив што е touchdown, safety, kickoff и interception, како и тоа дека е настан на кој има прееедобри реклами.

superbowl

Супербоул е најгледаниот спортски настан во Америка, а е популарен и насекаде во светот – што го прави одлична можност за маркетинг за најразлични марки. Дотолку повеќе што марките се натпреваруваат и во креативноста создавајќи кампањи што се наменски или ексклузивни за овој медиумски настан.
Па така, во нашиот паралелен универзум оваа година за Super Bowl LII во Минеаполис, телевизиска реклама од 30 секунди чинела, во просек, повеќе од 5 милиони долари. Повторно, со зборови: пет милиони долари. Повторно WOW!

 

Добро е познато и дека рекламирањето за време на Супербоул стана конкуренција само по себе бидејќи луѓето што не се многу заинтересирани за самата игра ќе се вклучат само за рекламите. Like me марките често ангажираат познати личности, користат различна креативност за што подобра реклама и подобро потрошени 5+ милиони долари.

Затоа, драги мои, во продолжение се моите годинашни фаворити:

  • Budweiser – “Stand by you”

Моќна реклама фокусирана на временските катастрофи, кои изминатата година ги зафатија Флорида, Тексас, Порторико и Калифорнија. Песната „Stand by me“ ја надополнува совршено.

  • Amazon – “Did Alexa lose her voice?”

Тоа кога сопственикот и основачот на „Амазон“ е и главна ѕвезда во рекламниот спот. Што се случува кога Алекса го губи гласот?

  • Pepsi – “This is the Pepsi”

Рекламата содржи неколку генерации пакување и маркетинг на „Пепси“. Синди Крафорд, Бритни Спирс, Џеф Гордон и Мајкл Џексон се само некои од познатите личности, кои низ изминатите години биле амбасадори на „Пепси“.

  • Kia – “Feel something again”

Водачот на „Аеросмит“, Стивен Тајлер ја вози новата Kia Stinger и се враќа назад во времето кон помладата верзија на себе.

  • M&M’s – “Human”

Доволно е тоа што Danny DeVito е црвеното m&m бонбонче. Помалку и личат, нели? 🙂

Рекламите се рангираат и по тоа колку се забавни (бидејќи нели се ТВ содржина), но и по тоа колку се релевантни за брендот и пораката. Видете и самите кај експертите на AdAge и пишете ми дали гледавте Super Bowl и која реклама најмногу ви се допаѓа?

Се читаме!

Сим

Симона

Симона

Дирекција за административни работи од областа на човечки ресурси

Збор, два, три
Насмеан креативец, фриленсер и fashion addict.
Симона

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Trackbacks/Pingbacks

  1.  Вашиот бизнис/стартап на социјалните медиуми | TOPSI

Напишете коментар