Објавено на од во категоријата e-banking, i-Bank, m-banking, мобилни апликации.

ibank

Здраво на сите,

Ова e  роденденски блог посветен на нашиот i-bank store!

Да, веќе три години нашата филијала на иднината, нашата филијала за млади е присутна во Македонија. Таа е прва банка каде посетителите имаат можност во супер опуштена атмосфера да ги истражат бројните услуги кои ги нудат i-bank алтернативните канали како e-banking услуги, телефонско банкарство, m-banking и плаќања преку АТМ (банкомат). Покрај ова, таа претставува место за забава , обука и размена на искуствата околу новите технологии и модерните банкарски услуги.

Се прашувате што сѐ може да направите во нашиот i-bank store?

Еве накратко што нуди, а можеби досега не сте знаеле:

  • Пристап до i-bank услугите со помош на специјално обучен тим, постојано расположен да вe обучи и помогне :); 
  • Банкарски услуги за физички лица како и во секоја друга филијала на Стопанска банка, а да не подразбира работа со благајна (што значи дека отворање на нова сметка, барање за картичка, барање за депозити, кредити и ред други работи може да бидат направени во нашиот i- bank store);
DSC05181
  • Можност додека чекате да се релаксирате во пријатна и опуштена атмосфера со природна вертикална градина и видео информации придружени со свежо подготвено кафе;
  • Интерактивен дел со симулатор на мобилна апликација, за помалите уникатна игра „Пчелка“ за Kinect како и други X-box интерактивни видео игри за поголемите;
  • Можност да учествувате како презентери или дел од публика на едукативни работилници, предизвикувачки презентации, семинари и примена на современената технологија во секојдневниот живот преку нашите редовни настани;
  • Слободен пристап до интернет преку wi-fi hot spot кој ја опслужува и околината на i-bank store 24 часа на ден;
  • Можност бесплатно да го искористите овој модерен простор за некој настан кој вие го организирате;
  • Да си ја подигнете вашата #TopsiID картичка;DSC05206
  • Секојдневни изненадувања, активности и инстант наградни игри за нашите посетители.

За тие што никогаш не нѐ посетиле, повелете една виртуелна прошетка низ i-bankstore:

Како што гледате самиот концепт на i-bank store ви дава неповторливо искуство. Кај нас нема посетител кој дошол и не се свртел најмалку десетина пати наоколу да го испита секое ќоше.

Препознатлив печат на i-bankstore и за мене најомилен е вертикалната градина. Луѓе, градината толку смирува што тука имате можност да ги завршите сите потребни работи со уживање!

Друга работа е што во i-bankstore може и да ја заборавате причината дека сте дошле за да ви покажеме како електронски да платите сметка.

1

 

 

 

За се има прв пат, но откако ќе ви покажеме колку едноставно се плаќа ќе почнете со задоволство да плаќате и да се смешкате зошто повеќе ќе нема потреба да седите со комшијата што ви збори за ланскиот снег додека чекате на шалтер.

2

 

 

 

А буквално сѐ можете да си платите. СЀ! И кажете ми зошто тогаш да не си го олесните животот?

3

 

 

 

На крај се трудите да се досетите на уште едно прашање со намера да останете подолго во банка 🙂 Е дали некогаш сте замислиле дека одењето во банка до толку може да ви биде пријатно искуство што би сакале да го повторите? Ние секогаш ќе се радуваме на вашето повторно и повторно доаѓање!

Среќен роденден i-bank store, посакувам уште многу забави, обуки и посетители!

mjau

 

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар