Објавено на од во категоријата e-banking, m-banking.

i-bank-slika

Од “Зошто платежни картички”, па се до “Crowdfunding”, па и тоа како да си дизајнираме TOPSI ID картичка за попусти, беа темите за кои напишавме по нешто во некои од нашите блог постови. Некој ме праша пред некое време “Добро бе што ви е поентата со целиов БЛОГ?”. Видете вака, целта на ТОПСИ блогов па и целиот проект е едукација и приближување на младите до секојдневното банкарско работење и користење на дел од банкарските услуги/сервиси кои во моментов се нудат, од отварање на трансакциска сметка па се до банкарски гаранции. Знаете, повеќето од клиентите користат производи како што се кредитите или кредитните картички и ги користат филијалите на Банката за плаќање на месечната рата или пак ги користат благајните за уплаќање на средства за други трошоци (режиски трошоци, сметки…) Многу од ТОПСИ генерацијата од 18 – 28 години не се запознаени со банкарското работење па дозволете ми да  скратам нервозите при чекањето редици во филијалите и да ви го кажам рецептот за сам свој банкар:

Се што е потребно за овој рецепт е:

  • Пристап до ibank услугите (корисничко име и лозинка)
  • 1, 2 или повеќе уреди поврзани на интернет (компјутер, таблет, мобилен телефон)
  • Bookmark на некој од вашите пребарувачи до ebanking или пак mbanking апликација на вашите мобилни телефони/таблети.
  • Фрижидер (да, да замислете, може и да си кснете нешто дур си плаќате сметки)
  • ОТП токен – тоа е она уредче магента (розево по ваше), што генерира бројки и ви го даваат во филијала доколку се одлучите во целост да ги користите ibank услугите. Cute little thing 🙂
  • 5 до 10 минути (од вашето скапоцено време)

Е сега откога ги имаме сите состојки може да прекинеме со коментарите „ЛЕЛЕ СТОПАНСКА ШТО ВИ Е СО ГУЖВИВЕ ОПРАЈТЕ СЕ“ и останати гужва муабети 🙂 и дај да платиме по некоја сметка на интернет. Мислам дека време е, пораснавме, се осамостоивме и имаме по некоја кредитна картичка или сметка (на пример за телефон) на наше име на која ни доспеала ратата или фактурата па да ги размрдаме прстите.

Во зависност од мобилноста, дали сте пред PC или држите во рака мобилен, уклучете некој од сервисите e-banking/mbanking, во случајов сум со телефон во рака и си плаќам сметка на мобилен, па да ја решиме таа квантна физика 🙂

  1. Се логирам на m-banking апликацијата со корисничкото име и лозинка (креирајте си пин, уште побрзо е)2016-11-30-14-23-44
  2. Ми го отвара екранот каде што се моите сметки и кликнувам на тековната трансакциска сметка преку која сакам да се изврши плаќањето2016-11-30-14-24-12
  3. Се отвара прозорецот со информации за сметката и во горниот десен агол го одбирам копчето налози
    2016-11-30-14-25-16
  4. Во делот шаблони ја избираме опцијата Режиски трошоци комуналии
    2016-11-30-14-25-46
  5. И тука некаде при крајот е налог за плаќање телекомуникациски услуги
    2016-11-30-14-30-09
  6. Се отвора дигиталниот налог каде што во случајов треба само да внесам бр. На фактура во повик на број одобрува(десно), износот во делот износ и кориснички број во повик на број побарува(лево)
    *тип* *тип* *тип* DONE
    2016-11-30-14-30-42
  7. Доле лево одбирам процесирај, го земам ОТП токенчето во рака, кликам на него и ги внесувам бројките во просторот на ОТП лозинката.2016-11-30-14-33-13
  8. Кликам Внесете ОТП лозинка и voilá САМ СВОЈ БАНКАР дел први 🙂

 

Да да ова важи и за сите останати сметки на вашите најблиски, доколку се решите да ги почастите со една платена сметка од ваша страна. Секако дека тоа може да го сторите тоа и од ваша сметка за уплата на трето лице, во случај (родител,сестра/брат…)

Штотуку решивме една равенка со 2 непознати во рок од неполни 5 минути, а замисли за ова да чекавте на шалтер… НО ТОА НЕ Е СЀ! Доколку направите уште некоја трансакција ќе сфатите дека и сам свој банкар не е воопшто сложена работа.  Ај додека сме тука да префрлам пари на Иво за оној пат што плати за мене кафе. Ние банкарите такви сме, “чиста сметка долга љубов”. Му пишувам на Viber, да сподели со мене личниот налог за да не се мачам де со пишување и препишување на бројки, да да има и такво чудо 🙂

2016-11-30-14-33-37

тип, тип -> отвори со mbanking ->74 денари -> процесирај со OТП лозинка. Done. Сам свој банкар дел втори.

Да не должам многу, доколку сево ова пак ви изгледа на некој начин сложено може слободно да поминете во i-bank store специјализирана филијала за вакви работи и колегите кои се најљубезни на цел свет, ќе ви објаснат подетално околу сите можности кои САМ СВОЈ БАНКАР улогата ги нуди (e-banking/m-banking) Па и кафе ќе ви дадат 🙂

П.С не е оваа од оние филијали каде што се чека на ред за пензии, оваа е млада и модерна филијала од иднината 🙂

До нареден пост, топси другари, а нема да боли и ако дадете некои предлог теми за пишување!

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар