Објавено на од во категоријата e-banking, m-banking, Едукација, мобилни апликации.

Marvel's Guardians Of The Galaxy..Thanos (voiced by Josh Brolin)..Ph: Film Frame..©Marvel 2014

 

Колкумина од вас денес си рекоа: од денес почнувам од почеток, вртам нов лист, почнувам со диета, ќе уплатам за вежбање, ќе дипломирам, ќе си најдам работа што ме исполнува, ќе се женам :)…? Како и да е, понеделник е супер ден за нов почеток, па како и вие така и ние денес се решивме за нов и освежен topsi.mk 🙂 Поминаа две години од лансирањето на #ТОПСИ за млади, услуги и сервиси што ги нуди Стопанска банка за помладата генерација. Се обидовме да допреме до помладата публика со тоа што правевме и спонзориравме настани под името ТОПСИ на теми како што се финансиска едукација, дигитализација, технологија, забава.

Со акцент на технологијата, успеавме да ги поттикнеме помладите преку нашите канали за и-банкарство сами да ги извршуваат своите „возрасни“ потреби, уплатите на рати за школување / членарина, плаќање сметки за мобилен токму преку нашата апликација м-банкарство (#mbanking), купување на интернет со некои од нашите платежни картички, брзо и едноставно, без притоа да посетат некоја од нашите филијали. Следејќи го трендот воведовме и нов сервис токму за помладите наречен #ТОПСИПеј – брзи плаќања, кој е во функција 24/7 и овозможува трансфер на средства со твоите пријатели од именикот на телефонот или пријателите на „Фејсбук“, за доколку заглавиш некогаш со готовина дигиталните пријатели да префрлат по некое стотче во кризни ситуации, знаете како викаат friend in need is a friend in deed (ако има топси пеј):) long story short, направивме банка достапна во секое време од денот на вашиот уред (мобилен, таблет, компјутер…)

Е сега, откако ги споменавме сите овие дигитални стимуланси, да се навратиме на темата самопослужување и да ги истакнеме придобивките и начинот на самопослужување 🙂

Од милениумците, па наваму сите генерации стануваат сѐ помрзливи или, урбано кажано, технологијата пред сѐ. Сакаат да ги вршат работите поедноставно, без многу чекања, процедури и фанфари, со едноставно притискање на копчето.

6 ПРИЧИНИ ЗОШТО!

 

m-banking

 

  1. Филијала и редот на чекање! Времето е скапоцено и го мериме во секунди. Замисли ги сите тие работи што можеш да ги завршиш додека чекаш 15-ина минути во ред за да уплатиш сметка за мобилен. Денешните телекомуникациски оператори нудат можности за е-трговија што значи уплата на сметка преку интернет со внесување на бројот на картичката, што го прави процесот на плаќање полесен и пократок за 14 минути 🙂
Чекање во ред
  1. Увид во сметката во секое време. Доброто од дигиталните алатки за самопослужување е тоа што секогаш имате увид во сите трансакции што ги правите преку вашите сметки. Не занемарувајте ја и можноста за генерирање месечен извештај на вашите трошоци, чисто за профилирање и планови за иднината, добро, и за тоа колку сте манијак за пазарење или, пак, штедач 🙂
Штедна сметка

 

  1. Едноставност и достапност. „Добар ден, повелете?“ Па да се објасните кој сте, што сте, па документи за идентификација, па пополнување налози со пенкало, па земање повисока провизија. Зошто? Зошто, кога може да си лежите в кревет и додека гледате „Нетфликс“ во вашите подискинати пижами, а ви текнува дека утре истекува рокот за уплата на школарина, да си отворите м-банкарство и да завршите работа за кратко, без притоа да направите физичка активност од типот облекување алишта и трчање да фатите отворена филијала.
Couch potato
  1. Стари навики. Знаете, има некои лоши навики што тешко се искоренуваат, па се обидувате да еволуирате и да ги надминете, но неуспешно?! Како, на пример, вадење пари од банкомат, а со тоа вадење и печатена состојба на ливче што го фрлате истиот момент откако ќе ги ставите парите во паричникот! Хинт – состојбата можете да ја видите на екранот со едно стискање копче БЕСПЛАТНО. Вадење на сите пари од банкомат што ви се на располагање на сметката, а шансата да ги загубите или да ви бидат украдени никогаш не се отфрла. ХИНТ можете да плаќате со платежна картичка!

Неможноста за трага на готовината и за менаџирање на парите е секогаш проблем. Направете еден месечен тест готовина наспроти безготовинско плаќање и плаќајте тој месец со картичка. Сите тие ситни денарчиња 1, 2, 5, 10… што ви тропкале во џебот и сте ги расфрлале низ дома, во безготовинското плаќање се собираат и прават стотки 🙂
Ситни парички

  1. Преземи ја работата во свои раце! Знаете, ризикот за човечки грешки е секогаш присутен. Со помош на дигиталната технологија процентот се намалува, но, сепак, е присутен и фала богу има можност за корекција. За да не дојде до човечка грешка и за да нема АМА ГОСПОЃО не требаше така, телефоните в рака и дигитализирај се! Не боли, ни прв ни втор ни третпат, напротив, ЛЕСНО е и се чувствуваш како Роки по победа.
Yo Adrien

 

  1. Последно, но не и најмалку важно. Ако сте повеќе од мрзливи и не се заморувате со финансии, само траен налог за вас луѓенца 🙂

Домаќинското работење со финансиите е вештина, дигитализацијата и сите овие алатки се само олеснителна околност за напредок. Вие одлучувате дали ќе бидете господари на вашата судбина (Thanos) или некој друг ќе ви ги плаќа сметките (Loki) 🙂

Шегата настрана, e-banking за увид на сметка и токен за плаќање. Тоа е сѐ што треба да знаете.

 

До наредно читање.

Даниел

Дирекција за Маркетинг и Односи со јавност

[{internet}] "фрик" со user friendly профили по социјалниве медиуми и скоро секогаш information hungry.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар