Објавено на од во категоријата TOPSI, Без категорија, Едукација, Општествена одговорност.

48405604_1965688980135671_550543815832764416_o

Некои работи некогаш тешко се одлучувам да ги направам. Од наједонставните како станување рано насабајле за трчање (читај: за на работа) или дочитување на книгата од која веќе 3 месеци ги тегнам последните 20страници…. ама искрено да ви кажам, иако лесно одлучив да волонтирам на „Сонуваме. Менуваме.“ постојано си имав кнедла во грлото.

 

48428362_1965690843468818_5096511229699031040_o

 

Некогаш забораваме што значи привилегијата со која сме родени и живееме. Пречките во развојот кои некои деца ги имаат не само што не ги знаеме, почитуваме и препознаваме туку и целосно се игнорирани во општеството па така, јас како веќе „возрасна“ личност сум немала никаква интеракција во школо со деца со нетипичен развој и оттука мојот систем на вредности беше скршен кога првпат волонтирав на „Сонуваме. Менуваме.“

Некако си викам, ако по настаните, моите лични сфаќања и однесувања се променети (а истото важи за целиот тим кој стои зад проектот) можеби веќе сме направиле доволно. Ваква тектонска промена вреди и затоа сум многу горда со проектот и го промовирам до толку упорно што другарките ми рекоа дека сум одговорила и на телефон со „Сонуваме. Менуваме.“

 

48380572_1963184450386124_6479036635068497920_o

 

Да резимирам, на децата со нетипичен развој кои имаат посебни можности, светот им е истиот како нашиот. Имаат исто детство, исти желби, исти амбиции, исти проблеми па затоа ним не им треба сожалување туку само поддршка и инклузија. Им треба едноставно, врсниците да ги прифатат и разберат, да ги видат како свои и да ги вклучат во секојдневните игри. Ете толку е потребно. И воопшто не е тешко.

 

Се надевам дека онаа публика која броеше 3.500 оваа година и 3.500 минатата година имаше „а-ха“ момент и веќе чувствува промена. Дури и да си отишле дома со „кнедла во грлото“ не е страшно 🙂 напротив, корисно и освестувачки!

 

48406639_1965672560137313_5815214031761309696_o

 

Ќе ги поздравам на крај, сите кои беа активно вкллучени во проектот и кои помогнаа да биде хит кој ќе продолжиме да го имаме и да го промовираме низ Македонија во другите градови затоа што пораката треба да ја примат сите. За вакви проекти, вреди да се волонтира и да се голтаат солзите, зошто така растеме.

 

 

Идеја и организација: Тимот од Стопанска банка АД – Скопје

Концерти: Тимот од ОхО, 5+ Фамилија

Настапуваа:

  • Танчерите од Dancers United
  • Здружението на деца со Церебрална парализа, Велес
  • Ема Ананиевска, пијанист
  • Децата од Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, вид и говор, Кочо Рацин од Битола
  • Александар Матевски – Цако
  • Илина Георгиева
  • Филип, Стефан, Марија и Мики како помошници на детективот Цветко
  • Кристијан Лазаров – го позајми гласот за видео и радио најавата

 

Веќе трета година, мојата Стопанска банка АД – Скопје покрај моќната порака пренесена преку мега популарните 5+ фамилија обезбедува грантови за реализација на 30 проекти на асоцијациите на деца со посебни потреби кои им решаваат секојдневни проблеми и им обезбедуваат подобри услови за настава, развој и унапредување на потенцијалот. Нема поголема среќа од ова 🙂

 

Ако сте го пропуштиле, прочитајте и прегледајте фотки од „Сонуваме. Менуваме.“ Ајде заедно да сонуваме и да менуваме за да создадеме свет без предрасуди. Wanna give it a try?!

Маргарита

Маргарита

i-bank store

Комуникативна, весела оптимистички насторена. Обожава alternative solutions и приказни кои инспирираат 🙂
Маргарита

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар