Објавено на од во категоријата Едукација.

1

Здраво „ѓаци“!

Одамна не сум ви се обратила. Убаво беше малку одмор, ама да не нè фати зимскава хибернација. Затоа во најголемите студови сакав да ви пишам малку повеќе за продуктивноста. Работата е дека сите ние знаеме како да бидеме попродуктивни, но, едноставно, одбираме да не го правиме тоа. А токму во изминативе години на големо се пишува на оваа тема.

Иако поаѓам од себе, мислам дека инспирацијата да ги смениме работите на подобро ја имаме во моментот додека ги читаме / слушаме мотивациските говори и тоа нè држи во следните неколку часа. Потоа, пуф, сè по старо, нешто сме си забележале со себе или со некого, веднаш вртиме грб и тераме по старо. Сите тие совети: како да сме подобри во тоа што го правиме, пет чекори како да станеме попродуктивни, ако го правиме ова ќе ја зголемиме продуктивноста, петте навики на најбогатите… итн. сè е тоа веќе видено… И книгите од типот на тие на Шарма се прекрасни и предизвикуваат чувство дека се согласуваме да ги прифатиме сите супернавики, ама некоја алка недостига…. Е што е тоа?

Зошто ни е толку тешко да се фокусираме, а знаеме многу добро како да го направиме тоа?

Зошто чувствуваме одбивност, а во исто време и потреба за промена?

 

Еве некои од одговорите до кои дојдов сама, односно како сама се фатив дека се мамам…

  1. Прво. Сметам дека целта ми е лесно дофатлива и можам да ја одложам за наредниот период.
  2. Второ. Имам проблем да ја означам целта како значајна и како помалку приоритетна.
  3. Трето. Секојдневните обврски и работите што непотребно ми го одвлекуваат вниманието само ми го трошат времето.

 

Јас упорно барам алатки што ми помагаат да си заштедам време и со тоа да се посветам повеќе на работите што ги сакам, па така: вежбам дома со неколку суперапликации за мобилен место да одам во студио, особено на ова камен студено време, користам и-банкарство за да плаќам сметки, картички, а и со TOPSI Pay сè поретко треба да посетувам филијала или да користам банкомат за да се раздолжам со другарите. Што користите вие? Дај помагајте, времето е пари.

Да заокружиме – продуктивноста за некои може да значи да завршат една задача дневно, за други може да е да завршат 100. Сè е индивидуално, но работата, сепак, се сведува на тоа да се заврши обврската во предвидениот рок.

Затоа што работата со одложувањето само завршува со горчливиот вкус на „еее требаше да …“

Еее требаше братче… ама тоа е тоа. Сè се одвива по инерција, сè е по старо и на крај ништо.

 

Најважна е желбата, флексибилноста кон различни пристапи, приоритетите и временската рамка. Јас сакам, јас сум подготвен/а, тоа е на врвот на листата и да, тоа ќе почнам да го правам од утре. Ама утре да е утре, не понеделник.

И додека го пишував ова, си ги повторив работите за кои барав изговор да не ги правам досега и сега немам каде затоа што ќе биде лицемерно да не ги почнам.

Еве јас си кажав, кажете си и вие, ќе видите дека ќе можете да ги направите предвидените работи и дека на крај ќе се подобрите!

Till the next time.

Ксенија

i-bank store претставник

Wanderlust банкар, crowd funding ентузијаст и cat person 🙂 Ќе ви пишувам секако и за банкарЦките работи, а посебно за нашата уникатна i-bank store.

Напиши коментар

Мора да бидеш најавен за да коментираш. НАЈАВИ СЕ

Напишете коментар